17 Октомври, 2024
0.0329

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжи судењето за двојното убиство, Кешишов ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

ПРОДОЛЖИ СУДЕЊЕТО ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ

Судењето на обвинетите за убиството на малата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се следи со големо внимание. По денешното сведоштво на поранешниот помошник началник од Скопје, Музафер Каишиќ кој зборуваше за текот на истрагата за пронаоѓањето на Вања, се огласија и адвокатите на обвинетите. 

Според бранителите на дел од обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, не е јасно работењето на полицијата во врска со случајот во повеќе делови, како тоа што нема парафинска ракавица од обвинетите и тоа што други имаат повеќе снимки од нив во врска со настанот.

На денешното рочиште, полицискиот началник Музафер Калишиќ изнесе нови шокантни детали во врска со случајот на исчезнатата и пронајдена мртва девојка, Вања Ѓорчевска. Сведочењето фрли светлина врз морничавиот тек на настаните и учеството на обвинетиот Влатко Кешишов, кој во својот исказ го посочи и првообвинетиот Љупчо Палески – Палчо.

Со испитување на сведоци на предлог на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На денешното рочиште ќе сведочат Музафер Калишиќ и Ристе Самарџиев.

МАКЕДОНИЈА СЕ СЕЌАВА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред седумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 17-тиот маратон во чест на Тоше.

Маратонот почна завчера од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, ќе пристигнат во Крушево.

МИЦКОСКИ, НО И ФИЛИПЧЕ НЕ ПОДДРЖУВААТ ПАРАЛЕЛНА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во Македонија постои една Академија на науките и уметностите, а парите на граѓаните нема да се трошат на невладини организации. 

Објасни дека како што слушнал во медиумите тоа е здружение на граѓани. Тој ја искоментира најавата на градоначалниците на Тетово, на Гостивар, на Чаир и на Желино, Биљал Касами, Валбон Лимани, Висар Ганиу и Блерим Сејдиу дека ќе даваат општински пари на Албанската академија на науки. Мицкоски вели дека таков буџет советниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат намера ниту ќе гласаат.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Компанијата Современ дом од Прилеп избира нови членови на Одборот на директори, чии мандат ќе трае во следните четири години.

АД ЕСМ ќе побара кредит од 82 милиони евра (точно 5 милијарди денари) истовремено од четирите домашни деловни банки - Комерцијална банка, Стопанска банка, Халк банка и Уни банка со образложение дека со тие пари ќе се подобри ликвидноста во работењето.

Не престануваат интересните вести од Стопанска банка Битола. Оваа банка неодамна беше во центарот на домашната бизнис јавност, кога сите нејзини акционери добија понуда да ги продадат сите свои акции за цена од 3.200 денари за акција, и на чие големо изненадување најголемиот дел од нив, односно 55 проценти, ја одбија понудата.

Извештајот за смртта на 14-месечното бебе ја потресе јавноста и ја отвори вратата кон длабоките и долгогодишни проблеми во македонскиот здравствен систем.

За земјоделците работата не завршува иако календарски сме навлезени во есента, напротив сега е време кога треба да се планира на која парцела кои култури ќе се засадат, да има смена на култури, но и треба да се внимава која култура до која треба да се сади. 

Можеби ќе ве интересира

„ЧАДОРИТЕ СЕ ЗА КАМПАЊА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ“: Лога контра Филков „навреме се подмирени сите фактури“

„ЧАДОРИТЕ СЕ ЗА КАМПАЊА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ“: Лога контра Филков „навреме се подмирени сите фактури“

ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА НА ЛИЦЕ МЕСТО - се преврте комбе пред тунелот кај Велес, пет повредени во болница, се врши увид

ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА НА ЛИЦЕ МЕСТО - се преврте комбе пред тунелот кај Велес, пет повредени во болница, се врши увид

РАЗРЕШЕН СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: повиците кон обвинетиот на кој самиот му судел „му пресудија“

РАЗРЕШЕН СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: повиците кон обвинетиот на кој самиот му судел „му пресудија“

НОВ ДИРЕКТОР НА АНБ: На оваа позиција доаѓа Бојан Христовски

НОВ ДИРЕКТОР НА АНБ: На оваа позиција доаѓа Бојан Христовски

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС ПРЕД ТУНЕЛОТ: сообраќајот е блокиран

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС ПРЕД ТУНЕЛОТ: сообраќајот е блокиран

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ШТЕДИ НА ГРБОТ НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ“: Јакимовски вели државата не им ги исплаќа предвидените средства

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ШТЕДИ НА ГРБОТ НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ“: Јакимовски вели државата не им ги исплаќа предвидените средства

„ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ИСТАТА ЛИЧНОСТ“: остра критика кон министерката Јаневска - „не е смешно, туку е трагично“

„ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ИСТАТА ЛИЧНОСТ“: остра критика кон министерката Јаневска - „не е смешно, туку е трагично“

МЕЏИТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР РАДУКОВ: На кои теми разговараа?

МЕЏИТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР РАДУКОВ: На кои теми разговараа?

ПЕТНАЕСЕТ ЦАРИНИЦИ И ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ УАПСЕНИ ПОРАДИ ПОТКУП ОД 20 ДО 150 ЕВРА - уапсените може да добијат до 10 години затвор

ПЕТНАЕСЕТ ЦАРИНИЦИ И ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ УАПСЕНИ ПОРАДИ ПОТКУП ОД 20 ДО 150 ЕВРА - уапсените може да добијат до 10 години затвор