17 Октомври, 2024
0.0272

СИНДРОМ НА „ПРЕГОРУВАЊЕ“ ОД РАБОТА: Како да се справиме со последиците од долготрајното изложување на професионален стрес?

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Неодамна психијатрите во земјава алармираа дека има луѓе кои се соочуваат со синдром на „прегорување“  затоа што се во трка со професионалните обврски, но и да ги завршат сите работи по дома и да ги задоволат потребите на семејството.

Јана Момировска, специјален едукатор и рехабилитатор, едукант на семејна и системска психотерапија вели дека „burn out“ синдромот или синдром на „прегорување“ се јавува како последица на долготрајна изложеност на професионален стрес. Во денешницава, кога сите се оптоварени во трката по постигнувања, моќ, доминација, финансии и кога трудот на работникот се сведува под знак прашалник, веројатноста да сме го вкусиле ова горчливо доживување е голема.

„Секојдневниот притисок поради борбата со рокови, време, конкуренција си го прави своето, т.е. нè заробува во магичен круг на постојано и постојано нова борба да се постигне нешто. Овој притисок што го чувствуваме и што не ни дава мир е тоа што го викаме стрес.Кога долготрајно сме изложени на ваков стрес, кој постојано бара од нас да ги надминуваме нашите психофизички и енергетски капацитети, зборуваме за хроничен стрес кој нè носи во „прегорување“ или „burn out“. Сигурни сме дека сме доживеале синдром на прегорување кога чувствуваме телесна и емоционална исцрпеност, деперсонализација (недопирливост во комуникацијата со другите луѓе), го губиме осетот за сопствените и туѓите потреби, редукција на личните достигнувања, чувство на неуспех во извршувањето на работните обврски, чести отсуства од работа или незаинтересираност за работата, можни се и чести главоболки, постојан замор, нарушувања на сонот, нарушување на исхраната, депресивно расположение, па дури и појава на панични напади и проблеми со дишењето. Сите овие симптоми ги чувствуваме токму затоа што нашата психа е поврзана со нашето тело и кога таа страда симптомите се манифестираат на најразлични начини“, објаснува Момировска. 

Момировска вели дека кога се форсираме и притискаме да истраеме во нешто и тоа трае и трае, одморот што не си го даваме ние самите, ќе ни го даде нашето тело принудно, токму преку овие симптоми кои не би можеле да ги игнорираме.

„Иако можеби зборуваме за работата од соништата, што нè усреќува и нè исполнува, ние не можеме да дадеме 100 отсто во работата секој ден и секогаш и добро е тоа да го прифатиме и да си го дозволиме. Во спротивно овој синдром на „прегорување“ ќе се појави и не само што ќе нè онерасположи и ќе ни даде чувство на хронична замореност, туку и како што кажав претходно, ќе нè убедува дека не сме до толку заинтересирани за таа работа или дури и дека не ни се допаѓа повеќе. Кратко кажано, стануваме периодично неспособни за доживување на задоволство. Постојат луѓе кои постојано се водени од внатрешната потреба да постигнат нешто, да удоволат некому, да завршат некоја задача... што пак, постојано ги турка во овој круг. Овие луѓе никако да дозавршат, никако да допостигнат, никако да се посветат на себе. Внатрешните движечки сили и мотиватори се важни. Ни даваат сила да туркаме, истраеме, да се бориме. Но, дали навистина тоа мора да биде постојано и за сè? Најдобар начин да  спречиме доживување на „прегорување“ е да избегнеме сè што нè носи во прегорување. Тоа значи поставување на реални цели, реални рокови, комуницирање јасно на своите потреби, можности и цели, кажување јасно „НЕ“ на сè и секому што има тенденција да нè притиска и да бара уште и уште од нас, здрави лични граници и уште поздрав однос кон себе исполнет со самопочит. Позиционирањето на себеси на прво место не е себично, неопходно е и здраво е. Потребно е практикување на носење одлуки врз основа на тоа што ни треба, што сакаме и што можеме. Всушност, секој пат кога нешто се бара од вас, проверете што ве води кон прифаќањето. Дали е тоа желбата или пак поривот за докажување? Ако е второто кажете „не“ и веднаш ќе почувствувате олеснување. И запомнете, што и да се случува, најважни сте вие“, додава Момировска.

Повеќе истражувања кои се правени во светот покажуваат дека вработените со повисоки нивоа на исцрпеност имаат поголема веројатност да страдаат од различни физички здравствени проблеми како што се мускулно-скелетни болки, гастрични промени, кардиоваскуларни нарушувања, главоболки, зголемена ранливост на инфекции, како и несоница и хроничен замор.

Истражувањето од 2022 година направено со 15.000 работници во 15 земји од страна на McKinsey Health покажа дека четвртина од вработените искусиле симптоми на исцрпеност. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат

Град Скопје одбиен за проекти од унгарскиот кредит: Секташка ментална состојба на Владата и Мицкоски

Град Скопје одбиен за проекти од унгарскиот кредит: Секташка ментална состојба на Владата и Мицкоски

Во недела стартува „КАЖИ ШИФРА“- следете нè со новиот подкаст на Женски магазин

Во недела стартува „КАЖИ ШИФРА“- следете нè со новиот подкаст на Женски магазин

„МИНИСТЕРОТ НЕ БРКА ОД РАБОТА“: Таравари очекува директорите на клиниките да преземат мерки против лекарите

„МИНИСТЕРОТ НЕ БРКА ОД РАБОТА“: Таравари очекува директорите на клиниките да преземат мерки против лекарите

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ОХРИД И ТЕТОВО, ПРЕТРЕСИ И ПРИВЕДЕНИ, ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИЕНИ - што ловат органите на прогонот

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ОХРИД И ТЕТОВО, ПРЕТРЕСИ И ПРИВЕДЕНИ, ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИЕНИ - што ловат органите на прогонот

ИНТЕНЗИВНО СЕ БАРААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА КОБНАТА НЕСРЕЌА ВО ВЕЛЕС: ОЈО го зема комбето на вештачење

ИНТЕНЗИВНО СЕ БАРААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА КОБНАТА НЕСРЕЌА ВО ВЕЛЕС: ОЈО го зема комбето на вештачење

СО ТУПАНИЦИ НАПАДНАЛ СРЕДНОШКОЛЕЦ ВО УЧИЛИШТЕ, А ПОТОА И ПОЛИЦАЕЦ ВО СТАНИЦА: 24 - годишен жител на Кочани зад решетки

СО ТУПАНИЦИ НАПАДНАЛ СРЕДНОШКОЛЕЦ ВО УЧИЛИШТЕ, А ПОТОА И ПОЛИЦАЕЦ ВО СТАНИЦА: 24 - годишен жител на Кочани зад решетки

МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ПОВРЗУВАЊЕ СО БУГАРИЈА, НО НЕ МОЖЕ ДА ПРИФАТИ ПРОЕКТ ШТО ЗАВРШУВА ВО ТУНЕЛ: Од МТСП со ултиматум, Бугарија да почне со проектирање на тунелска цевка

МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ПОВРЗУВАЊЕ СО БУГАРИЈА, НО НЕ МОЖЕ ДА ПРИФАТИ ПРОЕКТ ШТО ЗАВРШУВА ВО ТУНЕЛ: Од МТСП со ултиматум, Бугарија да почне со проектирање на тунелска цевка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжи судењето за двојното убиство, Кешишов ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжи судењето за двојното убиство, Кешишов ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања