22 Јуни, 2025
0.0333

12 ГОДИНИ ФАКТОР, 12 ГОДИНИ ЛИДЕРСКИ БИЗНИС ПОРТАЛ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР - нека ни е среќна годишнината почитувани читатели

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2024 11:40

Добивај вести на Viber

Наше е задоволството, почитувани читатели, заедно со Вас, да одбележиме уште една успешна годишнина на Фактор. Дванаесетта по ред. И да си посакаме уште многу релевантни, но и интересни економски и бизнис текстови, и уште подобри од порано. 

Фактор, почитувани читатели, повеќе од една деценија наназад, како медиум со главно бизнис предзнак и лајт мотив, успеа да ја направи економијата и економските текстови интересни, корисни и разбирливи за секого. Доволен доказ за тоа е сѐ поголемиот број ваши реакции, коментари, вашата доверба која секојдневно сѐ повеќе ни ја давате. Многу често нѐ фалите, не ретко и самите ни откривате информации, а некогаш, за волја на вистината, знаете и добро да нѐ искритикувате и искарате. Но, нас ни се подеднакво драги и пофалбите и забелешките.

Малку историја за нас, иако, како што сме убедени, сите вие, нашата верна читателска публика, многу добро знаете кој е Фактор. Нашиот и Ваш Фактор беше основан пред точно 12 години, на почетокот на октомври во 2012 година, освојувајќи го тогаш речиси празниот простор на медиуми специјализирани за економски вести и текстови. Од првиот ден Фактор стана, она што е убедливо најважно во новинарството - релевантен медиум. 

Уште една би сакале да Ве известиме дека ние сме тука за вас, да ве информираме чесно, објективно, одговорно и вистинито. Некогаш да ви помогнеме подобро да ги разберете фактите и голите економски бројки, берзанските индикатори, статистичките графикони и табели, некогаш да откриеме некоја пикантна бизнис информација, која можеби ќе ви помогне во вашите деловни размислувања, а некогаш и добро да „подбереме“ одредена компанија, институција, а често и самата Влада, кога не сосема исправно или легално си ја вршат работата, па да им ги отвориме очите и на јавноста, и на органите кои треба да се позанимаваат со таквиот тип на дејствување. Со нашите информации и теми сме успевале и тоа како да отвориме серозни и здрави дебати по одредено важно економско прашање, па често и сме помагале да се спречат потенцијални лоши економски политики, или, пак, сме биле гласот на разумот за тие да се подобрат.

Денеска славиме 12 години од нашето, но и седум години постоење на Женски магазин, портал во рамките на нашата групација, кој успеа да се наметне како едно од најомилените четива на женската популација во земјава. Естрадни уметнички, филмски диви, водителки, инфлуенсерки, бзиснисменки, банкарки, политичарки, лекарки..., сите тие најдоа свое место во редовите на Женски магазин, но и сите тие се верни читателки на овој наш портал. Утринското кафе, паузата од дневните работни обврски, но и попладневниот и вечерниот одмор, не можат да се замислат без текстовите на Женски магазин.

Тука не застануваме. Нашите содржини ги збогативме и со поткастот Бизнис муабети, чија логистичка поддршка секако е порталот Фактор. Како што и самите гледате, гости ни се буквално сите бизнис луѓе кое многу значеле и значат на македонскиот економски простор, а Вашите прегледи само се доказ дека сме на вистинскиот пат...

Ни останува само да си посакаме уште многу годишнини, и уште милиони релевантни содржини, но и уште многу иновации и новини.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЦЕФ: Димитриеска Кочоска се сретна со Вуковиќ

МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЦЕФ: Димитриеска Кочоска се сретна со Вуковиќ

ФОТО: НИКОЛОСКИ И ТРАЈАНОВСКИ ВО АКЦИЈА: Беа во увид на патот Кичево-Охрид, најавија пуштање во употреба на делницата кај Подмоље вечерва

ФОТО: НИКОЛОСКИ И ТРАЈАНОВСКИ ВО АКЦИЈА: Беа во увид на патот Кичево-Охрид, најавија пуштање во употреба на делницата кај Подмоље вечерва

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана - 2 милијарди евра!

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана - 2 милијарди евра!

ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО СКОПЈЕ? Познатиот дански синџир на продавници Flying Tiger доаѓа на Балканот, ќе отворат 400 работни места!

ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО СКОПЈЕ? Познатиот дански синџир на продавници Flying Tiger доаѓа на Балканот, ќе отворат 400 работни места!

ВОДИЧ ЗА ЛЕТУВАЊЕ ВО АЛБАНИЈА: Кои се цените, која рута да се избегне и колку чинат патарините?

ВОДИЧ ЗА ЛЕТУВАЊЕ ВО АЛБАНИЈА: Кои се цените, која рута да се избегне и колку чинат патарините?

ПЛАТА ОКОЛУ 812 ЕВРА: Колку Хрвати ја примаат оваа сума?

ПЛАТА ОКОЛУ 812 ЕВРА: Колку Хрвати ја примаат оваа сума?

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Русија е број еден во Европа по БДП и четврта во светот

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Русија е број еден во Европа по БДП и четврта во светот