23 Ноември, 2024
0.0317

КУПУВААТ НА ГРАМОВИ: Сиромаштија или потреба за мали количини свежа храна?

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Има граѓани кои практикуваат да купуваат по три домати, по еден модар патлиџан, по половина килограм пиперки, по 300 грама сувомесни производи или грав и слично.

За трговците има две причини зошто е тоа така. Постои сиромашна категорија граѓани која мора да штеди и да купува минимални количини храна, но има и луѓе кои не се финансиски загрозени, а практикуваат почесто да купуваат помали количини, најчесто затоа што сакаат да имаат свежо овошје и зеленчук и намирниците да не заостануваат дома.

„Кикиритки, леблебија земаат 200 грама, 100 грама или кажуваат дека сакаат да им се измери за 50 денари. Купуваат 300 грама грав. Многу од купувачите се луѓе кои ги знам и причина е беспарицата. Но, има и луѓе кои имаат, а сакаат да земат помала количина. Постојат и купувачи кои имаат пари и не прашуваат за цена, доаѓаат и купуваат по 5 килограми од еден продукт“, вели трговец.

Во најтешка состојба се пензионерите кои земаат ниски пензии, но и работниците кои примаат минимална плата.

„Две години цените се исти, а се жалат дека им е скапо. Пензиите се ниски. Или поради сиромаштија или се малку луѓе дома, па земаат мала количина“, објаснува Станка Пиригова, која продава зеленчук.

Пензионерка вели дека живее со 12.000 денари и затоа внимава каде и колку троши. Објаснува дека е принудена да си ги пушти нозете колку што е долга чергата.

„Земам 12.000 денари, прво плаќам сметки и потоа живеам со тоа што ќе ми остане. Купив тиква за 100 денари, тежи два килограми, 5-6 пиперки земав денеска, сум купувала и по два-три домати. Кога немаме, мораме да штедиме“, објаснува Станка Р. пензионерка.

Но, има и поинакви мислења. Дел од трговците велат дека народот сепак не е толку загрозен како што често се коментира.

„Ако зборуваме за тиквица, модар патлиџан, земаат по едно парче, два домати ќе побараат, ама тоа е за да направат турлитава. Јас мислам дека луѓето сега не се толку загрозени, дека имаат пари. Децата се во странство, им праќаат на постарите“, додава Живка Ј. трговец.

Пензионерите вчера земаа за 2.500 денари повисоки пензии. Идната година ќе имаат ново покачување. Минималецот во земјава е 22.557 денари и тој треба да се зголеми идната година. Синдикатот бараше зголемување на минималната плата на 450 евра, затоа што и трошоците за живот се зголемени. Од ССМ вчера кажаа дека 25.000 работници земаат 22.567 денари, што како што наведоа е некоректно и нечовечки. Низ годините постојано имаше критики дека постојат работници кои реално примаат помалку пари од законски предвидениот минималец. Потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство одамна надмина 1.000 евра. Таа опфаќа задоволување на основните потреби на едно домаќинство.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/kkolosov

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација