05 Октомври, 2024
0.0241

Владата се договори со РСД, нови 35.000 туристи ќе ја посетат Македонија од следната година

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Владата постигна договор со германската РСД,која за следната година треба да обезбеди 35.000 културолошки патувања на странски посетители на Македонија, надвор од летната сезона.

- Тие имаат намера да развиваат културен туризам и ние да ги покажеме нашите културни капацитети во Охрид и Скопје. Самата агенција има повеќе од една милијарда евра годишен обрт и се занимава со маркетингот,енергетиката, комуникациите и хотелиерството, покрај туризмот, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Според договорот, по еден авион дневно ќе долетува со туристи од Германија, Франција, Велика Британија и други западни земји. Тоа ќе започне од февруари следната година и дневно ќе доаѓаат по 190 нови посетители.

- Тоа би значело дополнителни 30 милиони евра директни трошења од овие гости и заедно со превозот и сместувањето може да се дојде до бројка од 50 милиони евра  Тоа ќе биде во рамки на балканска тура, а Охрид и Скопје ќе сепосетуваат со вкупно четири ноќевања. Ние треба да подржиме сместувачки капацитети кои ќе бидат атрактивни за овие гости и тие да се удвојат, додаде Мицкоски.

Според премиерот, само оваа туристичка агенција ќе доведе 10-15 отсто од вкупниот број на гости кои ќе ја посетат Македонија. 

- Тоа е директна кеш ликвидност која ќе ја направат овие 140.000 нови ноќевања, речетој.


Можеби ќе ве интересира

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?