12.Советување на МАКО СИГРЕ – Успешно справување со предизвиците во енергетиката преку зајакната соработка и поголемо вклучување на младите

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2023
Успешно пресретнување на предизвиците во енергетскиот сектор, забрзана енергетска трансформација, дигитализација и спојување и интеграција на пазарите на електрична енергија, се дел од темите на 12.Советување на Националниот комитет на Северна Македонија, во организација на Здружението на инженери, МАКО – СИГРЕ, членка на СИГРЕ – Меѓународна конференција на големи енергетски системи.
„Енергетскиот сектор се наоѓа во многу динамичен период кој носи низа предизвици, а промените се одвиваат со огромна брзина. Се соочуваме со процеси како: нестабилност на цени, отворени прашања со зголемување на трошоците на мерните оператори, интеграција на пазарите, складирање на енергија и слично. За да ги реализираме овие процеси соодветно и да создадеме услови за развој, неопходна е поголема соработка“, истакна Сашо Салтировски, актуелниот претстедател на МАКО СИГРЕ и управител во ЕВН Електро Дистрибуција.
Фокус на изложените стручни трудови на конференцијата е ставен на електроенергетскиот систем, а целта е да се овозможи размена на знаење и стекнати искуства помеѓу академската заедница, индустријата и сите чинители во електроенергетскиот сектор.
Министерот за економија Крешник Бектеши, на свеченото отворање на Советувањето истакна: „Развој и модернизација на електроенергетскиот сектор во државата е наш фокус. Но, за да го постигнеме тоа неопходни ни се знаење, технологии и квалитетен кадар на инженери. Политиките кои ги носи Владата секогаш се во соработка со експертската јавност. За да има прогрес неопходно е да се фокусираме и да ги задржиме и да ги поддржиме нашите студенти кои се иднината на државата“.
МАКО СИГРЕ, покрај другите активности, во континуитет дава поддршка на студентите на техничките факултети од сите студиски години, а за најдобрите обезбедени се и награди. Но, и покрај тоа последните трендови во образовниот процес, податоците укажуваат на се помал интерес кај студентите за електро-техничките струки. Продеканот за финансии и соработка со стопанство на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, проф. д-р Владимир Атанасовски потенцираше дека се помал е бројот на пријавени студенти на факултетот и апелираше за заеднички активности во насока на промена на овој тренд.
Во рамките на 12.Советување на МАКО СИГРЕ организирани се и сесии на студиските комитети, технички презентации и предавања од истакнати инженери и научници. Годинава има околу 350 учесници, а пријавени се над 80 научни трудови. Настанот се одржува во Охрид, од 17 до 19 септември.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА ШПАРКАСЕ БАНКА – ДЕЛ ОД САМИТОТ ЗА СИНА ЕКОНОМИЈА

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура, преговорите за стратешки партнер не завршија со договор

„МАКЕДОНИЈА2025“ И ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ОД САД ЌЕ ДОДЕЛАТ 40 СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СТУДЕНТИ

Колективна визија на македонските индустрии: 18 компании склучија партнерство за развој на кадрите

„Макпетрол“: потребно е заедно да кренеме глас против булингот

АНЃУШЕВ: ЧЕСТИТКИ ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАЛТА

„Реплек“ уште еднаш се здоби со сертификатот за највисоки производни стандарди на Европската Унија
