„3“ и „23“ автобуси се судрија кај „Три Бисери“
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2015
Автобус од ЈСП „3“ и „23“ приватен утрово се судрија во скопски Аеродром.
Според првичните информации незгодата се случила околу 8 часот утрово спроти „Три бисери“ на буливерот „Јане Сандански“.
Нефицијално има повредени околу десетина лица меѓу кои се и возачите кои со итна медицинска помош се префрлени на клиниките во главниот град.
Автобусите се движеле од Центар кон Аеродром, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.