19 Декември, 2025
0.1350

365 дена, филмска приказна за првата успешна година на Gley

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2022 10:47

Добивај вести на Viber

Многу ентузијазам и верба за домашен продукт со трајни вредности. Тимот на првата македонска стриминг платформа Gley го прослави својот прв роденден. Во друштво на свои пријатели и соработници, со симболична забава во работните простории Gley одбележа тешка, но година во која покажа дека и Македонија може да стои рамо до рамо со регионалните но и светски платформи.

Расказот на Gley започнува со петмина ентузијасти кои на он-лајн видеотеката прибавуваат 50 серии и 200 филмови, преведени на македонски и албански јазик. За само една година оваа бројка на филмови и серии е дуплирана а тимот на Gley удвоен. Приказната прераснува во 40 000 конзументи кои пројавиле интерес и се уклучиле на платформата.

Непостоењето на национална дигитална стриминг платформа беше главен предизвик за тимот на Gley да внесе токму ваков производ на македонскиот пазар. А нејзината одржливост е во умешноста и изборот на филмови и серии кои се клучни за да се постигнат максимални резултати со ограничен буџет.

-,,Токму на нас “ни се падна паричката“ да се пробиваме на овој пазар. Ние сме тие кои го трасираат и креираат патот на стриминг платформите во земјава и затоа сме изложени и подготвени за секаков вид на критика. Пред една година со голем ентузијазам започнавме да ја реализираме идејата за основање на македонска стриминг платформа која пред сѐ го поддржува и афирмира македонскиот филм, но истовремено  ќе го пренесува најдоброто од регионот и светот токму во заштита на македонскиот јазик, со превод и синхронизација за најмладите. Една година подоцна, Gley го профилираше својот идентитет како препознатливa платформа со своја бројна публика и со голем број соработници“, рече извршниот директор на СВОД Мастер, Дарко Перушески на роденденот на Gley.

Потврда за својата работа и иновативност Gley доби и од Фондот за иновации и технолошки развој  кој даде поддршка во делот на грантови за комерцијализација на иновации.

Несомнено Gley застанува зад домашното филмско производство а доказ за тоа е и поддршката за Куќен притвор, каде првата национална стриминг платформа се потпишува како ко-продуцент на ТВ серијата заедно со продукцијата ОХО.

Конкуренцијата го прави пазарот подобар, а се дотогаш Gley со несмалено темпо ќе продолжи да работи на пристапност на содржините кои не се достапни и локализирани на другите веќе постоечки глобални платформи кои го прават оригинален, атрактивен и единствен на домашниот пазар.

Што Сакаш, Кога Сакаш, Колку Сакаш, Каде Сакаш се прашања на кои се добива еден одговор-Gley.mk - вистинскиот избор за минути добро и квалитетно поминато слободно филмско време.

Gley.mk e достапна преку посебните апликации на Smart TV, мобилен или таблет, на компјутер како и на MaxTV приемниците.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“