Добивај вести на Viber
Новата Škoda Fabia освои максимални пет ѕвезди на Euro NCAP тестот. Извонредните резултати ја истакнуваат врвната безбедноста на новиот автомобил од ŠKODA кој во Македонија ќе биде претставен на почетокот на 2015 година. Резултатите од Euro NCAP тестотвите се однесуваат на заштита на патниците, заштита на пешаците и безбедносни системи за помош на возачот.
"Една од целите при развојот на новата Škoda Fabia беше да се испорача највисоко ниво безбедносни перформанси во сегментот", изјави д-р Френк Велш член на одборот за технички развој во ŠKODA. "Максималните пет ѕвезди, доделени од независните експерти во областа, се потврда дека ние ја остваривме целта и се доказ дека новата Škoda Fabia е еден од најбезбедните мали автомобили", додаде д-р Велш.
Новата Škoda Fabia ги освои максималните пет ѕвездички во сите четири области (заштита на возрасните патниците, безбедност на децата, системи за безбедност и заштита на пешаците).