04 Октомври, 2024
0.0258

Аеродромски продавници заштедуваат милиони со враќање на ДДВ-то

Објавено во: Економија 10 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Мнозинството на аеродромските продавници во Обединетото кралство, бараат од патниците да ги скенираат нивните билети на касата, процедура која малкумина сфаќаат за што служи. На овој начин, продавниците на Аеродромите, враќаат 20% ДДВ од секој производ продаден на патниците, кои летаат надвор од Европа, пишува ,,The Тelegraph". Од овој данок, всушност се ослободени потрошувачите, кај кои вредноста од 20% од купениот производ треба да им се врати како заштеда. Но, ретко кој го знае тоа. Трговците на аеродромите биле обвинети од патници, кои тврдат дека овој надоместок не им е вратен. ,,Предавањето на картата во аеродромските продавници, дури и ако купувате само дневен весник, премина во навика кај купувачите, иако не сите сфаќаат која е причината што продавачите се толку упорни. И не е ни чудно што, најголемите продавници заштедуваат милиони од ДДВ-то секоја година. Но нели треба патниците да ги примат тие заштеди? – прашува потрошувачот Ник Тренд. Утврдено е дека предавањето на картата при плаќањето е веќе вообичаена практика во сите продавници во аеродромите, иако патниците не се законски обврзани да ја предадат истата. Статистиката пак, покажува дека 89 % од луѓето не знаеле зошто го чекираат патниот билет на каса. А, на анкетата направена на испитаници откако го прочитале текстот, 85 % одговориле дека повеќе нема тоа да го прават.  
 

Можеби ќе ве интересира

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија