АГЕЛЕР: Заложбите за реформи во судството ги чинеa даночните обврзници на САД половина милијарда долари
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2024
Aмериканската амбасадорка Анџела Агелер вели дека заложбите за реформи во судството ги чинеa даночните обврзници на САД половина милијарда долари.
„Се вели дека „зборувањето е без пари“, и обично тоа е точно. Но, три децении американски ангажман и помош во разговори за реформи во владеењето на правото, обука на судии и обвинители и поголема соработка меѓу судството, граѓанското општество и граѓаните и функционерите во оваа земја? Ова не беше без пари. Тоа нас нè чинеше околу половина милијарда долари пари на даночните обврзници. Затоа, да го преименуваме денешниот договор во „Повик за акција“. Ајде да се обврземе да го направиме овој план повеќе од само еден документ што треба да се потпише и архивира. Судиите, обвинителите, министрите, членовите на парламентот и лидерите на граѓанското општество, дури и дипломатите, треба да ги земат во предвид неговите препораки и потоа да работат заедно за да создадат вистинска судска реформа“, изјави Агелер.
Сериозни критики за правосудниот систем лани упати холандскиот амбасадор во Скопје Дирк Јан Коп.
Судството ужива многу ниска доверба кај граѓаните.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.