Ахмети и Заев пред договор за јазикот?
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017
Се претпоставува дека СДСМ не го прифатила барањето на етничките Албанци, албанскиот јазик да стане втор официјален јазик на цела територија . Барем не како услов за добивање мандат.
Шефот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети во последните денови разменуваат текстови со предлози за законот за употреба на албански јазик на територија на Македонија и изгледа , но уште без цврсти докази дека Заев е пред добивање на мандат за состав на нова влада.
СДСМ има 49 мандати, а за добивање на мандатот на Заев му требаат 61 пратенички потписи односно потписи од пратениците на ДУИ и барем уште една албанска партија.
Што содржи текстот на предлог законот за албански јазик кој СДСМ и го упати на ДУИ не излезе во медиумите. Тој текст настана после договорот на претставници на СДСМ со Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, тројцата потпретседатели на ДУИ, инаку најсилна албанска партија во земјава, кои категорично се залагаа за влада на ДУИ со СДСМ и се противат на продолжување на соработката со ВМРО ДПМНЕ.
Заев вчера изјави дека нивниот предлог за употреба на албански јазик е во согласност со Уставот на Македонија и Охридскиот рамковен договор.
„Првата работа која во овие договори ја гледаме е Уставот, дали е во рамки на него, а втора работа е дали се работи за вистинска практична потреба на граѓаните, да не биде само хир, нешто што е само политизација“, рече вчера Заев.
Според неговите изјави се претпоставува дека ни СДСМ не го прифатила барањето на етничките Албанци во Македонија албанскиот да стане втор официјален јазик на цела територија на државата. Барем не како услов за добивање на мандатот. Бидејќи за воведување на втор официјален јазик е потребна промена на Уставот со двотретинско мнозинство кое може да биде обезбедено само со поддршка на ВМРО ДПМНЕ, која тврди дека албанското јазично барање го одбила и се согласила само со подобрување на условите за употреба на албанскиот јазик во општини со повеќе од 20 отсто од албанско население.
Пред пописот од 2002 година во Македонија живееја 64,18 отсто Македонци и 25,17 отсто Албанци. Оттогаш попис не е направен.
ДУИ го анализирала текстот кој им го испрати СДСМ и во четвртокот вечерта на СДСМ и упати одговор. Ни Заев ни Ахмети вчера не сакаа да кажат дали ДУИ ги упатиле своите забелешки на текстот на СДСМ или свој текст за законот за албански јазик.
Во медиумите продолжуваат шпекулациите на големи поделби во ДУИ помеѓу оние кои се согласуваат на соработка со ВМРО ДПМНЕ и оние кои сакаат соработка со СДСМ, како и помеѓу влијателните членови кои се за истерување на барањето за воведување на двојазичност на територија на цела Македонија и оние кои се за компромис.
За викендов се најавува и состанок на претседателството на ДУИ на кое најверојатно ќе треба да се реши дали ќе се влезе во коалиција со СДСМ или сепак не.