АХМЕТИ НЕ САКА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ОВАА ВЛАДА: Ние не сме резервна гума
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2024
Не сме заинтересирани да бидеме дел од оваа Влада, ние не сме резервна гума, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Ахмети рече дека Европскиот фронт е легитимен претставник на Албанците и помалите етнички заедници, додавајќи дека Вреди не победи на изборите.
„Ние сме легитимните претставници на Албанците, тие не победија на изборите“, рече Ахмети.
Вети дека еден ден ќе ги победат противниците со резултат 8 наспроти 2. Вчера ВМРО-ДПМНЕ се пофали со сработеното за 100 дена Влада, а СДСМ критикуваше.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.