06 Октомври, 2024
0.0326

ВИДЕЛА НЕШТО ШТО РЕТКО КОЈ МОЖЕ, ОВА Е КИНА ОДБЛИЗУ: Буховски за Женски Магазин

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Најпознатата држава во Азија, а од неодамна и земјата со најбогата и најразвиена економија во светот е Кина. Оваа далечна земја има многу богата историја, позната по гостопримливоста на Кинезите, редот и дисциплината, а пред се‘ по чувањето на природата и нејзините богатства неодамна ја посети новинарката Анета Буховски, која е дел од тимот на „Фактор“. 

Таа таму отпатувала за да учествува на студиската програма "China Development Studies and Media Exchange", организирана од CIPCCP (China International Press Communication Center Program), како дел од група новинари од Централна и Источна Европа – вклучувајќи претставници од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Албанија, Полска, Унгарија и Бугарија. Што најмногу ја фасцинирало, кои места ги посетила, какви јадења пробала од традиционалната кинеска кујна, кои спомени ги „собрала“ открива за Женски магазин.

*Зошто патувавте за Кина. Која причина ве однесе на далечниот исток?

- Патувањето во Кина не беше нешто што го имав однапред испланирано или посакувано од долго време. Всушност, поканата дојде сосема неочекувано, но кога ја добив од Кинеската амбасада во Скопје за учество во студиската програма "China Development Studies and Media Exchange," организирана од CIPCCP (China International Press Communication Center Program), веднаш почувствував огромна возбуда и благодарност. Иако на почетокот не очекував ваква можност, таа покана отвори едно ново поглавје за мене, предизвикувајќи ми да размислувам подлабоко за мојата љубопитност и желба за постојано професионално и личносно надградување. 

Кои места според вашето искуство треба да се посетат барем еднаш во животот?

Кина е земја која не само што ја искусив преку текстови и статии, туку со сопствените очи видов колку длабока и динамична е нејзината трансформација. Пред моето патување, ние новинарите на „Фактор“, во соработка со Кинеската амбасада во Скопје, редовно објавувавме текстови од најмоќните кинески медиуми. Најчесто, овие статии се за неверојатниот економски развој на Кина, но не може целосно да се пренесе впечатокот преку текстови и фотографии. Кога ја видов Кина одблиску, сето тоа доби сосема нова димензија.

Еден од примерите е пристаништето во Нингбо. Пред да отпатувам за Кина, имав објавено неколку текстови за ова пристаниште, но кога го посетив лично, целосно ме воодушеви. Го видов огромниот простор исполнет со илјадници контејнери, товарени на масивни карго бродови кои секојдневно заминуваат до илјадници дестинации низ светот. Ова не е само економска активност, туку реална и жива поврзаност која Кина ја остварува со светот.

Слична беше сликата и со 55-километарскиот мост кој ги поврзува Макао, Хонг Конг и Жухаи. Тоа е вистинско архитектонско чудо кое ги симболизира инженерските и технолошки достигнувања на Кина.

Искуството во Шенжен беше вистинска технолошка авантура. Го посетивме седиштето на Huawei, каде што останавме без здив гледајќи го Кампусот за истражување и развој, наречен Ox Horn. Овој кампус се простира на 3,5 квадратни милји и се состои од 12 „градови“ со имиња како Париз, Верона и Бриж, со згради дизајнирани по примерот на замоци и палати. Кампусот е дизајниран за да прими 25.000 вработени и беше поврзан со приватни трамваи и возови, што создаваше чувство како да си во минијатурна Европа.

Фасцинантно беше искуството да се видат одблиску кинеските автомобилски гиганти како што се BYD, Geely, и посебно компанијата BAIC, каде што имав чест да учествувам во промоцијата на нивните нови возила. Заедно со раководството на BAIC, одржав говор – еден од оние моменти кои засекогаш ќе ги паметам. Посетивме нивните фабрики и бевме сведоци на процесот на производство на овие возила, што уште повеќе ја нагласи моќта и капацитетот на кинеската автомобилска индустрија.


Понатаму, Шангај како светски финансиски центар е фасцинантен, особено со неговата икона The Tower of Shanghai, висока 632 метри, која е меѓу највисоките кули во светот и има капацитет да прими 16.000 луѓе. Шангај е вистински глобален бизнис центар и еден од најдинамичните градови во светот. Градот е дом на некои од најголемите банки и финансиски институции, како и Шангајската берза, која е меѓу најголемите во светот. Познат по својата импресивна хоризонтала, Шангај го симболизира модерниот кинески успех и напредок. Многу интернационален, градот привлекува голем број странци кои доаѓаат тука за бизнис и работа, што му дава космополитски дух и уникатен микс на култури. Но, она што би го издвоила од Шангај е еден од напознатите локали Yugo Grill. Во срцето на Шангај, со колегите од Црна Гора, Словенија и Хрватска го доживеавме еден од најнезаборавните моменти за време на нашето патување. Во тој мал балкански ресторан, меѓу аромите на скарата и звуците на југословенската музика, успеавме за момент да се вратиме во времето и да ја почувствуваме топлината на Балканот, и тоа илјадници километри далеку од дома. 

Едно од најнезаборавните искуства беше тоа што имавме можност да се возиме во автономни такси, без возач. Возачкото седиште беше целосно празно, а воланот сам се вртеше додека автомобилот се движеше низ улиците на Пекинг – чувство кое е истовремено и возбудливо и чудно. Технологијата која некогаш ја гледавме како дел од иднината, сега беше реалност во Кина.

View this post on Instagram

A post shared by Anita Buhovski (@buhovski.anita)

Сепак, за мене како новинарка, огромна придобивка е блиската соработка со колегите од најголемите кинески медиуми – CCTV, CCTV+, China Daily, CGTN, CMG, SMG, и новинската агенција Xinhua. Имавме можност да видиме како функционираат овие медиуми одвнатре, и тоа преку практикантска работа, каде што се уверивме во нивниот технолошки напредок и иновации во медиумската индустрија. Тоа беше незаменливо искуство што засекогаш ќе остане дел од моето професионално надградување.

Овие моменти, заедно со многу други, го прават мојот престој во Кина навистина посебен и уникатен.

Кина е земја која остава без здив, особено кога ќе се посетат нејзините најголеми културни и историски споменици. Секако, не можам да кажам дека сум била во Кина ако не се искачив на величествениот Кинески Ѕид, едно од најимпресивните чуда на светот. Магијата на оваа древна градба ме пренесе назад низ вековите, додека гледав како пејзажот се простира бескрајно пред мене. Тоа чувство на историја, култура и огромност беше навистина неверојатно.

Забранетиот град, со своите бескрајни палати и дворови, остави силен впечаток на мене. Неговата историја е испреплетена со судбините на кинеските императори и нивните семејства, и секој чекор низ ова место носеше чувство на грандиозност и мистерија. Како да го осетив духот на минатото, длабоко втиснат во секое ќоше од оваа импозантна градба.

Храмовите во Кина, како Висечкиот храм, Храмот на Конфучие, Drum Temple, и Temple of Heaven, го носат духот на древната кинеска философија и религија. Особено магично беше чувството при зајдисонце во Sunset Palace, каде што традицијата и мирот се испреплетуваат во едно незаборавно доживување.

Посетата на Музејот на Комунистичката партија открива многу за современата историја на Кина, додека пак Музејот на фудбалот нуди едно неочекувано откритие – дека токму во Кина е роден фудбалот, а тоа го потврдува и ФИФА. Овие места го обогатуваат искуството и оставаат траен впечаток за комплексноста и богатството на кинеската култура.

Оваа програма беше совршена платформа за тоа – ми овозможи да комуницирам со медиумски професионалци од цел свет и од самата Кина, да ги согледам нивните уникатни пристапи кон известувањето и медиумската организација, и истовремено да го откријам богатството на кинеската култура, историја и традиции. Со секој нов ден во Кина, сфаќав колку е важно постојаното учење и надградување, и ова патување го претвори моето неочекувано искуство во едно од најзначајните и највозбудливите во мојот живот. 

Целото интервју на Женски Магазин


Можеби ќе ве интересира

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица