22 Мај, 2024
0.0267

Акционерски промени во домашните банки: Ќе има ли нов газда на НЛБ до крајот на годината?

Објавено во: Економија 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Ќе има серизони поместувања во акционерскиот капитал во две од четирите најголеми банки во земјава. Владата на Словенија донесе одлука за повторен старт на продажбата на две третини од државната Нова Љубљанска банка (НЛБ) која пак во Македонија е целосен сопственик на НЛБ банка. Иако судбината на подружниците на НЛБ од Љубљана во другите земји во регионов засега не се споменува, се тврди дека и за банката во Скопје ќе се бара нов газда во пакет. На наша територија НЛБ како мнозински сопственик го продаде НЛБ Нов пензиски фонд и сега ова приватно пензиско друштво има нов газда односно го поседуваат Словенците од Сава РЕ. Во меѓувреме, до 8,58 отсто од капиталот со забрзано купување на акции во Комерцијална банка стаса и градежниот бизнисмен Ванчо Чифлиганец преку неговата фирма Адора инженеринг, со што освен што ја промени акционерската структура влезе и во менаџментот на компанијата.

НЛБ ЌЕ ОДИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Продажбата на НЛБ од Љубљана не е новина, но словенечката Влада успеа во неколку наврати во последните две години процесот да го развлече и покрај притисокот од Европската комисија. НЛБ е државна банка и во екот на финансиската криза имаше значајни проблеми. Сега се планира продажба по пат на јавна понуда и тоа во брза постапка. Односно треба да се продадат 50 отсто од акциите плус една акција до крајот на годината, а останатиот дел до 75 отсто минус една акција до крајот на 2020 година.

Процедурата за продажба ќе ја води државниот фонд СДХ, исто како и лани кога пред самата реализација процесот не заврши оти понудената цена по акција не беше прифатлива односно се движеше меѓу 55 и 71 милион евра. СДХ веќе го продолжиле договорот со Дојче банка која им уди финансиски совети за продажбата. Процесот на продажба формално ќе започне на 1 август.

Инаку, НЛБ банка од Скопје е една од најуспешните подружници на Љубљанската централа. Во 2017 година нето добивката е 2,12 милијарди денари или 34,38 милиони евра и таа е резултат на зголеменото пазарно учество.

НЕОЧЕКУВАНИ ПРОМЕНИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

Промени има и во акционерската структура на Комерцијална банка. Оттаму завчера известија дека во изминатиот период преку берзански трансакции правното лице „Адора Инженеринг“ се стекнало со дополнителни акции издадени од Комерцијална банка и сега поседува 8,58 отсто во основната главнина на банката. Сопственикот на Адора Инженеринг веќе стана член на Надзорниот одбор на банката и неговата фирма е најголем поединечен акционер во банката.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции