АКО НЕ САКААТ БИЗНИСМЕНИТЕ, ТРЕБА ДА ИНВЕСТИРА ДРЖАВАТА: Како до порамномерен развој?
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2023
Скопскиот регион традиционално има најголемо учество во брутодомашниот производ на Македонија, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.
Како што се забележува од нивната анализа „БДП по региони и инвестиции во основни средства“, најголемо учество во БДПто на земјава во 2021 година имал Скопскиот Регион со 44,1 отсто, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4,8 проценти.
Од останатите региони се издвојува Пелагонискиот кој има 10,5 отсто учество во формирањето на БДПто на државата, додека веднаш зад него е Југозападниот со 8,7 проценти, па Југоистиочниот со 8,5 отсто.
Останатите региони имаат уште помалу учество, а токму фактот дека од осум региони, само во еден од нив се прави најголем дел од БДПто во земјава покренува многу прашања.
- Огромен неуспех на заложбата на државата за рамномерен регионален развој е што во само еден од осумте плански региони е концентрирано производството на речиси половина од БДП на земјата и повеќе од половината од работните места. Но, бидејќи ваквиот тренд е сосема типичен за една периферна капиталистичка економија, тој ќе продолжи и во иднина – вели економистот Здравко Савески.
Тој посочува дека повлекувањето на државата од економијата и препуштањето на економијата на пазарните сили значи дека секој поединечен капиталист ќе се стреми да го концентрира својот бизнис онаму каде што ќе биде најпрофиталнот за него, односно онаму каде што ќе има најбројна работна сила, најмали транспортни трошоци и потрошувачи со највисока куповна моќ.
- Рамномерниот регионален развој не е дел од профитниот стремеж на некој капиталист. Тој може да биде цел само на организираната заедница и на државата. Но, кога државата има тврда идеолошка позиција дека мора да стои понастрана од економијата, она што најмногу може да го направи е да овозможува поволности за отворање бизниси во внатрешноста. Но, резултатот од таквите политики е скромен. Оттука, сѐ додека основањето економски субјекти од странана државата не се третира како табу и улогата на државата се сведува само на обезбедување поволности за капиталот да инвестира во внатрешноста, резултатот од тие поволности ќе биде скромен и нема да може да го спречи трендот на сѐ понерамномерен регионален развој. А за рушење на табуто, државата може, на пример, да инвестира во уништените детски одморалишта ширум земајта, за кои капиталот не покажа интерес. Тоа ќе биде позитивно не само за регионалниот БДП и регионалните работни места, туку и за нашите деца од целата земја – посочува Савески.
П. О.
Фото: Bojan Joveski on Unsplash* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.