АКО ТРЕБА НЕМА ДА СЕ ТРГНАТ ОД ПРЕД СОБРАНИЕТО: Oштетените штедачи од Еуростандард банка си ги бараат парите
Објавено во: Економија 01 Октомври, 2020
Државата целосно да ги обесштети, а потоа парите да си ги земе од стечајната маса.
Ова го бараат оштетените штедачи од Еуростандард банка која отиде во стечај на 12 август.
Tие попладнево излегоа на протест пред Собранието.
Од штедачите на оваа банка обесштетени преку Фондот за осигурување на депозити се оние кои имале до 30.000 евра.
Но, 780 штедачи со поголеми заштеди треба да ги бараат своите пари од стечајната маса.
Штедачите велат дека нема да престанат да протестираат и ако треба нема да се тргнат од пред Собранието додека не им биде одговорено на барањето.