06 Октомври, 2024
0.0392

Акцијата на НЛБ Тутунска банка се вмеша во доминацијата на обврзниците за денационализација

Објавено во: Економија 02 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Оваа седмица имавме куриозитет – обврзница што доспева подоцна постигна повисока цена од обврзница што доспева една година порано: Маде ин Мацедониа! Дури 40 отсто од целиот промет на Официјалниот пазар во последната седмица, на најтоплиот месец, во јули остварија двете обврзници за денационализација од 13 и од 14 емисија. Оваа седмица се случи еден куриозитет кој можеби се случил и досега, но сега ќе го одбележиме – обврзницата за денационализација од 14 емисија постигна повисока последна цена од обврзницата од 13 емисија! Иако обврзницата 13-ка доспева една година побрзо од 14-ката сепак таа имаше пониска последна цена од најновата обврзница која во последните три месеци е единствената сбр на нашите брокери распоредени во десетте друштва за посредување при тргувањето. За овој феномен, авторот на овој текст нема објаснување и не може да најде економска логика во тоа да се купува по повисока цена, макар тоа било и 0,9 процентни поени, хартија од вредност која доспева подоцна што значи дека комплетниот поврат на инвестицијата ќе биде подолг од конкуретнската обврзница која доспева порано и има пониска пазарна цена. Најголем промет, очекувано, направи обврзницата од 14 емисија и тој изнесуваше 7,28 милиони денари со последна цена која изнесуваше 92,9 отсто од номиналната вредност од едно евро за обврзница. Втора хартија од вредност беше акцијата на НЛБ Тутунска банка која оствари промет од 6,32 милиони денари (малку над 100.000 евра) и беше најтргувана акција на Официјалниот пазар воопшто. Таа се тргуваше во маргина од 90 денари од 5.410 до 5.500 денари за акција се тргуваше 4 дена, а последната постигната цена беше 5.500 денари за акција. Очигледно е дека кај платежно способните инвеститори таа акција на оваа цена е посакувана. „им држи влага“ односно имиџот на акцијата го држи високо веста дека годинава за ланското работење беше исплатена солидна дивиденда од 990 денари во нето износ за акција. Веројатно инвеститорите се надеваат и веруваат дека и годинава големиот акционер словенечката НЛБ банка ќе биде дарежлива прво спрема себе, а потоа и за другите ситни домашни акционери. Трите најликвидни акции на подсегментите „суперкотација“ и „берзанска котација“ оваа седмица од аспект на остварен промет оваа седмица завршија по следниот редослед: натргувана беше „Комерцијална банка“ со реализација од 3,34 милиони денари, пред „Алкалоид“ со 2,38 милиони денари па „Макпетрол“ со 1,2 милиони денари. „Комерцијална банка“ оваа седмица го преполови својот промет и тоа се случи во мал пад на цената на акцијата. Последната цена оваа седмица во споредба со последната цена од претходната седмица е пониска за 50 денари. Денеска е објавено дека таа голема деловна банка на полугодието има загуба од 3 милиони евра што веројатно направи резервирани поголем дел од инвеститорите иако некои деловни показатели на банката даваат реална и издржана доза на оптимизам. Но минусот си го прави своето. Кај „Алкалоид“ имаше позитивни вести затоа што финасиските резултати се подобри од лани и инвеститорите знаат дека овде нема утка и дека акцијата треба да се чува во портфолиото. Веројатно е дека само треба да се погоди вистинскиот момент за купување. Реално, оваа седмица купувачите беа прилично резервирани зашто прометот е само  2,35 милиони денари. Тие веројатно чекаат подобра или пониска цена во оваа летаргија на Официјалниот пазар. Но, веројатно дека немаше ниту расположени продавачи на овие цени. Прометот речиси ист како минатата седмица, а последната цена забележа речиси невидлив раст од 51 денар. „Макпетрол“ се тргуваше во маргина од 10 денари од 18.510 до 18.500 денари за акција. Неговиот промет е за 30 отсто повисок од претходната седмица. Во „милионерите“ оваа седмица беше уште и „Реплек“ каде по единствена цена од 50.000 денари за 2 дена беа истргувани акции вредни 1,9 милиони денари.  

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?