Албански партии и здруженија протестираат во Скопје
Објавено во: Македонија 22 Април, 2016
Околу 14 часот започна протестот во орагнизација на партиите Движење за реформи во ДПА, Организацијата на воени ветерани на УЧК и од семејствата на затворениците за случајот „Монструм“ во главниот град.
Организаторите укажуваат дека овој протест е протест за редот, за статусот, за државата, за власта, која што повеќе од 25 години работи секогаш на штета на Албанците.
Велат дека истиот е насочен против опструкции врз СЈО, и затворање на албанците по налог на актуелната власт.
Ги повикуваме студентите, нивните унии, граѓанското општество, разнити невладини организации, албанските политички субјекти, го повикуваме секој дом каде се зборува албански, за својата судбина, да се надоврзат на заедничката волја. Ние ќе го манифестираме условот на слобода и демократија, излегувајќи на улица да протестираме. Ќе протист против системот, против овој дискртиминирачки, антидемократски систем кој запоставува. Ќе го кремнеме гласот како заедница оти токму како на заедница ни се одрекуваат добрата и добросостојбата. Да направиме утре едно единствено тело“, посочуваат организаторите на денешниот протест.