АмЧам одржа Генерално собрание и избра четири нови членови на Одборот на директори

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2022
Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам Северна Македонија) денеска го одржа своето 22-ро Генерално Собрание на кое беа избрани четири нови членови на Одборот на Директории беше направен преглед на најзначајните реализирани проекти и активности од годината што изминува.
На Собранието се обрати Амбасадорката на САД во земјава Н.Е. Ангела П. Агелер, која во нејзиниот говор им се заблагодари на членките на АмЧам и истакна дека тие претставуваат значајна врска која ги спојува економиите на САД и Северна Македонија, и им посака успешна работа и уште многу реализирани активности со кои ќе се поддржи развојот на локалната економија и воспостави регионалната соработка, како клучен фактор за понатамошен развој на целиот регион.
Претседателот на Одборот на Директор на АмЧам, Драган Давитков во своето обраќање се осврна на важноста од насочена соработка меѓу различните чинители во државата и развојот на одржливи регионални партнерства и иницијативи: “Како бизнис асоцијација ние сме ориентирани кон градење на партнерства со владата, бизнисите и меѓународните организации, но исто така и со невладиниот сектор и донаторската заедница. Ние веруваме дека само со здружени напори, усогласени приоритети, транспарентни процеси и мерливи резултати можеме да се издигнеме над кризите кои што светот ги искусува” - рече Давитков, додавајќи дека: “ние како земја долго време зборувавме за важноста на градење мостови, а сега е времето да почнеме да преминуваме преку тие мостови и да ги оствариме зацртаните цели”.
Во работниот дел на Генералното собрание,покрај останатите тековни одлуки, повеќе од 70 членки на асоцијацијата гласаа и за избор на нови членови на Одборот на директори на АмЧам Северна Македонија. Со најмногу гласови од присутните, мандатот од две години им беше доделен на кандидатите: Андреј Петрески (Cisco), Иван Новаковски (НОВА), Ламбро Патче (Пивара Скопје) и Славко Пројкоски (Македонски Телеком).
Пред членките на асоцијацијата беа претставени и извештаи за тековното работење, а Извршната директорка на АмЧам Северна Македонија, Јелена Арсовска, менаџерот за политики Бобан Брагорски, заедно со претседавачите на секторските комисии Андреј Петрески, Фросина Гечева Кочова и Александра Ивановска, направија преглед на најзначајните проекти и активности кои беа реализирани во изминатата година и претставија дел од темите на кои ќе биде посветено значајно внимание во периодот што претстои.
Членките на асоцијацијата ја потврдија заложбата дека АмЧам Северна Македонија продолжува да работи на подобрување на општата бизнис клима во државата како доверлив партнер на компаниите, институциите и граѓанскиот сектор.
Можеби ќе ве интересира
Бектеши во посета на млечната индустрија: Бимилк е една од општествено одговорните компании која ги намали цените и пред одлуката на Владата

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 105,85 евра за мегават час, на МЕМО 108,03 евра за мегават час

Водиме грижа максимално и навремено да ги задоволиме потребите на сите потрошувачи

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла

5 причини зошто Крушево е идеална дестинација во Есен

Digi-Tree, еко иницијатива за сите пост пејд корисници на Мојот А1

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдувани со 100 отсто чиста и обновлива енергија

Респираторни инфекции - ублажување и отстранување на симптоми и терапија

Лидер во земјоделското осигурување за 2023 - Признание за СН Осигурителен Брокер АД Битола
