21 Мај, 2024
0.0292

Американско - британски експертски тим ќе помогне во изработката на Стратегискиот одбранбен преглед

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Министерството се сретна со американско-британскиот експертски тимкој ќе помогне во изработката на Стратегискиот одбранбен преглед, клучен документ за развој на одбраната и Армијата во следните години.

Тимот од САД е предводен од Ерик Леид, експерт во областа на развојот на одбранбените институции. Дел од експертскиот тим е и британскиот експерт Стивен Гловер, советник за одбрана и безбедност во Одделот за стабилизација на Обединетото Кралство.

Министерката Шекеринска потенцираше дека една од клучните задачи за МО е изработката на Стратегискиот одбранбен преглед. Завршувањето на процесот на изработка е и владина определба – рече министерката и повика на искрени пријателски совети во изработката на реформскиот документ.

Членовите на експертскиот тим порачаа дека стојат на располагање да помогнат со својата експертиза во изработката на Стратегијата за одбрана и Стратегискиот одбранбен преглед.

 Американско - британскиот тим во текот на денешниот и утрешниот ден ќе се сретне и со главната координативна група за изработка на Стратегискиот одбранбен преглед, составена од експерти од Министерството и Генералштабот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази