15 Јануари, 2025
0.0322

Анализа на Еко инженер: Загадувањето не му се случува на Скопје заради лошата судбина

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

"Загадувањето не му се случува на Скопје заради лошата судбина. Вложено е и време и пари за да се достигне ова ниво.

Во Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП) за Скопје од 2003г, стои дека „квалитетот на амбиенталниот воздух – имисијата се следи повеќе од 25 години (мануелна мерна мрежа)“.

Во истиот тој ЛЕАП стои дека „во 1998 е правена анализа за учество на сообраќајот врз загадувањето на воздухот. На 4 крстосници и 2 булевара одредувана е концентрација на NO и NO2. Мерењата покажале високи концентрации на речиси сите мерни точки.“ Стои и дека покрај индустријата, сообраќајот е главен виновник за пораст на концентрација на прашина.

Во истиот план пишува и дека „градот според бројот на регистрирани возила и нивната густина на 1km2 ги надминува градовите во развиените земји (200-300 возила/km2), а во Скопје бројот на возила е 600-800 возила на 1km2.“ Имајќи ги овие анализи, владата ги превзема следните мерки:

-Стимулира купување на уште повеќе возила и дозволи увоз на стари возила (Еуростандард 1 и 2). Денес во 2015г го воведуваат Еуро 4 стандард на мотор, кој во ЕУ е воведен пред 10 години. (Во ЕУ од 2014г е воведен Еуро 6 стандард).

-Ја зголеми површината наменета за коли уште повеќе со проширување на улиците, и тоа за сметка на зеленило и пешачки патеки.

-Тротоарите ги одзема од пешаците и ги пренамени во платени паркинзи.

-Вложи во шминкање на јавниот превоз.

И во поновиот ЛЕАП (2011г), како и во сите годишни извештаи за квалитетот на воздухот во Скопје, стои заклучокот дека индустријата учествува во емисија на ПМ честички со најголем процент. Имајќи го овој заклучок, владата ја превзема следната мерка:

-Одложување на процес на воведување интегрирани еколошки дозволи, наместо да заврши во 2008 одложен е за 2014 (а за некои капацитети и 2018).

ЛЕАП 2011 – Во вкупната емисија на ПМ честички, домаќинствата учествуваат со скоро 18%. Владината мерка е:

-Субвенции за огревно дрво.

ЛЕАП 2011 – „Генерално, сегашната состојба со зеленилото во градот укажува на потребата од негова обнова и реконструкција. Тоа во прв ред се однесува на дрворедите, на старите насади во парковите, како и на сите оние површини од кои треба да се отстранат пропустите и недостатоците направени во еден подолг период.“ Владината мерка е:

-Драстично намалување на зелените површини во градот. Според податоците од Државен завод за статистика бесправната сеча во градскиот регион се зголемува секоја година, а во исто време многу се намалува количината на новонасадени садници."

Анализата е преземена фејсбук статусот на Марија Ѓорчева, еко инжињер, која моментално живее во Виена

Можеби ќе ве интересира

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба