19 Декември, 2024
0.0478

Андоновски: На барање на Мицкоски, издвоени 1,5 милиони евра за филмови за Тоше

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во утринското гостување на МРТ објави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, ќе се одвојат 1,5 милиони евра денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. 

-Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и во координација со министерството за култура и со  министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства, истакна Андоновски во утринското гостување на МТВ

Ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на животот на најголемата современа македонска ѕвезда.

-Проектот ќе го ко-финансираме со повеќе од 95 милиони денари, во копродукциски формат и мислам дека ова ќе биде нешто на кое што ќе се гордееме наредните 2 години, прво во подготовката, во снимањето, ќе биде искуство за сите нас. Се радувам на тоа што оваа Влада еден од првите чекори што ги прави во првите шест месеци е нешто вакво, да се одбележи, да се остави печат за идните генерации, славејќи ја најголемата македонска музичка икона - ангел чувар на македонската нација, додаде Андоновски. 

Финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитална трансформација.

Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, како јавен сервис кој е под надлежност на министерството што го предводи Андоновски, а копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЈА Е НОВАТА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ? Од 2011 е дел од Агенцијата

КОЈА Е НОВАТА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ? Од 2011 е дел од Агенцијата

КАВАДАРЦИ, СТРУМИЦА, ШТИП, ВЕЛЕС И КИСЕЛА ВОДА ТРОШАТ НАЈМНОГУ НА ЗАБАВА - истражувањето откри дека не го применуваат Законот за јавни набавки

КАВАДАРЦИ, СТРУМИЦА, ШТИП, ВЕЛЕС И КИСЕЛА ВОДА ТРОШАТ НАЈМНОГУ НА ЗАБАВА - истражувањето откри дека не го применуваат Законот за јавни набавки

СКОПСКА КОМПАНИЈА СЕ ТОВАРИ ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ ОД НАД 320 ИЛЈАДИ ЕВРА - кривична пријава заработи и управителот

СКОПСКА КОМПАНИЈА СЕ ТОВАРИ ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ ОД НАД 320 ИЛЈАДИ ЕВРА - кривична пријава заработи и управителот

„ВО КРИТИЧНИОТ МОМЕНТ КАМЕРИТЕ 'СЛУЧАЈНО' НЕ РАБОТЕЛЕ“: СДСМ тврди дека има вмешаност на надлежните во бегството на Груби

„ВО КРИТИЧНИОТ МОМЕНТ КАМЕРИТЕ 'СЛУЧАЈНО' НЕ РАБОТЕЛЕ“: СДСМ тврди дека има вмешаност на надлежните во бегството на Груби

ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ – КЛУЧ ЗА ИНКЛУЗИЈА, НО СО СЕКОЈДНЕВЕН СТРЕС И НЕСИГУРЕН СТАТУС: Амандманите на ЛДП како чекор кон трајно решение

ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ – КЛУЧ ЗА ИНКЛУЗИЈА, НО СО СЕКОЈДНЕВЕН СТРЕС И НЕСИГУРЕН СТАТУС: Амандманите на ЛДП како чекор кон трајно решение

„ВОДА НЕМА НИ ЗА ЛЕК“: Се испразнија полиците на маркетите во Скопје

„ВОДА НЕМА НИ ЗА ЛЕК“: Се испразнија полиците на маркетите во Скопје

КАЛАЈЏИЕВ ЗА ГРУБИ: Не можел да биде приведен при преминување на границата со Косово, мерките како „стоп листа“ се спротивни со Уставот!

КАЛАЈЏИЕВ ЗА ГРУБИ: Не можел да биде приведен при преминување на границата со Косово, мерките како „стоп листа“ се спротивни со Уставот!

ВИСТИНСКАТА ЗИМА НИ ТРОПА НА ВРАТА: Во периодот од 20 до 24 декември многу снег ќе наврне на Балканот и во Македонија!

ВИСТИНСКАТА ЗИМА НИ ТРОПА НА ВРАТА: Во периодот од 20 до 24 декември многу снег ќе наврне на Балканот и во Македонија!

СВЕТСКА БАНКА: Граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на PM2.5 за разлика од Западна Европа

СВЕТСКА БАНКА: Граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на PM2.5 за разлика од Западна Европа