СВЕТСКА БАНКА: Граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на PM2.5 за разлика од Западна Европа
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2024
Светска банка алармира дека македонските градови се високо загадени.
Според податоците, 2.800 луѓе годишно умираат во Северна Македонија поради изложеност на загаден воздух, што е алармантна бројка која ги надминува европските стандарди за квалитет на воздухот.
„Граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на PM2.5 честички во споредба со жителите на Западна Европа“, објаснува Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка за Косово и Северна Македонија.
Паолучи вели дека и покрај одредени подобрувања од 1990-тите, загадувањето на воздухот останува сериозен проблем во зимските месеци.
Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, вели дека главните извори на загадување на воздухот се: користење неквалитетно дрво и неконтролирани горива за греење во домаќинствата, индустриски капацитети кои испуштаат загадувачки емисии во воздухот.
Овие извори дополнително се засилуваат во зимските месеци, што доведува до значително зголемување на концентрацијата на PM2.5 честички во воздухот, кои се особено штетни за дишните патишта и кардиоваскуларниот систем.
И вечерва во повеќето македонски градови, воздухот е загаден.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.