Анкета на БРИМА покажала: 68% од граѓаните сметаат дека мрежата на Т-Мобиле е најдобра
Објавено во: Мои пари 02 Март, 2015 14:20
Според 68% од граѓаните во Македонија мрежата на Т-Мобиле е најдобра
* Ова е заклучок од истражувањето на агенцијата БРИМА, дел од TNS групацијата и македонски член на GALLUP International, спроведено во февруари оваа година
*Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години
Дури 68 отсто од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Т-Мобиле е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. Тоа е главниот заклучок од истражувањето на реномираната истражувачка агенција „Брима“, спроведено во февруари оваа година. Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години.
За потребите на истражувањето, „Брима“ спроведе теренска анкета, интервју со случајно избрани граѓани по утврдена методологија кои доброволно одговараа на прашања поврзани со работењето на телекомуникациските оператори, нивните услуги и производи.
Изборот на мрежата на Т-Мобиле за најдобра е резултат на повеќекратните инвестиции реализирани од Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија во најновите телекомуникациски технологии, за да се обезбеди најдобро корисничко искуство преку софистицирани и персонализирани услуги.
Македонски Телеком овозможи Македонија да биде прва земја во Европа со мрежа целосно базирана на интернет протокол, прва воопшто во Дојче Телеком Групацијата, додека пак Т-Мобиле прв ја воведе 4G мрежата и за само една година достигна 50% покриеност на населението и 20% покриеност на територијата со најновата 4G технологија.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА




