Анкета за навиките и проблемите на скопските велосипедисти
Објавено во: Македонија 21 Април, 2016
Се прави истражување за велосипедистите со кое треба да се утврдат навиките, прашањата и проблемите со кои тие се соочуваат во главниот град.
Ова го реализира Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Анкетата ќе трае три недели и може да се види и пополни на фејсбук страницата на РСБСП. По завршувањето на анализата, резултатите ќе бидат соопштени на јавноста. Од РСБСП информираат дека целта е преку ова истражување да се утврди колку често и за кои цели во Скопје се употребува велосипед. Воедно да се види и кои се проблемите со кои се соочуваат велосипедистите и што треба да се направи за да се подобри состојбата.