„Apple“ ќе инвестира во Европа
Објавено во: Мои пари 09 Март, 2015 18:40
Apple планира да изгради два нови центри за податоци во Европа, објави „Bloomberg“.
Технолошкиот гигант ќе вложи 1,7 милијарди евра (1,9 милијарди долари) во двете бази и тоа ќе биде најголемата европска инвестиција на компанијата досега.
Центрите ќе се наоѓаат во округот Галуеи, Ирска, и централна Данска. Тие мора да работат од 2017 година и ќе ги поддржуваат активностите поврзани со „iTunes“ и производите поврзани за мапи и навигација. Компанијата се приклучува на „Google“ и „Facebook“, кои почнаа слични проекти во северниот дел на Стариот континент.
Зошто на север, зошто не кај нас?
Ниските температури во овие земји значително го олеснуваат ладењето на апаратурата што зазема значителен удел во оперативните трошоци на технолошките компании.
Од Apple најавија дека инвестициите ќе отворат стотици работни места. „Ова е важна стратешка инвестиција со значителни придобивки за локалната економија. Ирска веќе неколку години по ред успева да привлече слични проекти на меѓународни корпорации“, изјавил Мартин Шанахан, шеф на Ирската агенција за странски инвестиции.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




