Apple Watch за 349 долари!
Објавено во: Мои пари 11 Март, 2015 09:13
Освен што секако ја извршува својата основна функција – пресметување на времето, Apple Watch поседува и грст од други апликации. Тој меѓудругото ќе може да ја проверува временската прогноза и календарот.
Во часовникот е вграден и микрофон со чија помош корисниците ќе може да разговараат со своите пријатели. Со iPhone паметниот телефон тој нема да може да комуницира само преку Bluetooth сигнал туку и преку Wi-Fi конекција.
Корисниците ќе можат и да го персонализираат својот уред со внесување на свои податоци и на тој начин ќе може да го нагодат токму кон своите потреби. Со внесувањето на важните датуми, Apple Watch ќе биде и еден вид на паметен потсетник.
Опцијата дигитален допир ќе дозволува поврзување помеѓу два часовника и можност едниот да го "допре" другиот преку неговиот Apple Watch така што екранот ќе го допре два пати брзо.
Овој паметен часовник е воедно и паметна фитнес бразлетна. Може да ги мери отчукувањата на срцето, да прави извештај за вашата здравствена состојба, но и да биде ваш личен тренер. Уредот може да се нагоди и да го потсетува сопственикот дека на пример премногу долго седи, како и да следи колку сопственикот вежбал во текот на денот.
Apple Watch ќе поддржува и голем број на програми и апликации. iOS 8.2 ќе биде на располагање за Apple Watch. Тим Кук вели дека батеријата во просек ќе трае 18 часа.
Зависно од типот на бразлетната, Apple Watch ќе чини од 549 до 1.049 долари за часовник со пречник од 38 милиметра. Верзијата со пречник од 42 милиметра ќе чини 50 долари повеќе.
Она што во изминативе неколку дена се зборуваше се испостави и дека е вистина. Поскапата, златна верзија, ќе чини неверојатни 10.000 долари!
Apple Watch Sport ќе се продава исто така во две верзии – со пречник од 38 милиметра кој ќе чини 349 долари и верзија од 42 милиметра која ќе чини 399 долари.
K.K.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




