15 Мај, 2024
0.0267

Расправа во Европскиот парламент за механизмот за суспензија на безвизниот режим

Објавено во: Свет 10 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Извештајот на шпанскиот пратеник Агусто Мера од демохристијанската група за Механизам за суспензија на визите и реципроцитет со земјите за кои на европските раѓани им е потребна виза, се најде на пленарната сесија на ЕП неочекувано.  За извештајот ќе треба да се гласа в четврток, гласање по две години преговори помеѓу ЕП, Европската комисија (ЕК) и Советот на министрите, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Според новиот хрватски комесар Невен Мимица кој зборуваше во име на ЕК во Стразбур, ЕУ нема едноставно да го укине визниот режим.

- Бројот на азилантите е се уште голем но се намалува. Работиме со Западниот Балкан за да ја набљудуваме ситуацијата. Но ако супензивниот механизам е воведен и ако сегашната ситуацијата продолжи, една или повеќе земји членки ќе ја воведат мерката. Но треба да биде јасно дека воведувањето на мерката нема да води во укинување на слободното патување. ЕК ќе биде таа која ќе оцени дали условите за суспензивниот механизам и сериозноста на ситуацијата се почитувани, рече Мимица.

Суспензивниот механизам според приврзаниците на извештајот не е изработен за Западниот Балкан туку за сите кои имаат слободен режим со Шенген.

Сепак, во дискусиите дојде до израз дека токму ситацијата со азилантите кои доаѓаат од Западниот Балкан бара посебно внимание бидејќи има влијание врз проширувањето и политиката на азил. Со укинувањето на визите во 2009 и 2010 година некои европски земји членки беа поплавени од баратели на азил кои доаѓаат главно од Србија и Македонија. Ако се усвои документот, по поплаките и по барање на неколку земји членки ЕК ќе може да ја спроведе клаузулата за суспензија на безвизниот режим.

Со суспензивниот механизам во текот на 6 месеци се воведува повторно визниот режим, а тој може да биде продолжен на една година.

Европратеничката Тања Фајон, на пленарната сесија во Стразбур ги повика членовите на ЕП во име на групата на европските социјалисти и демократи да гласаат против механизмот за воведување на суспензија на безвизниот режи, за земјите од кои доаѓаат голем број на азиланти, вклучувајќи гиз емјите од Балканот и Македонија.

Според неа „Усвојувањето на механизмот во формата како што е сега предложен, би претставувал чекор назад за земјите од Западен Балкан“. Фајон посебно инситира на фактот што клучното прашање кое во надлежност на парламентот е изменето во последен пат, односно стравувањето од одсуство на контрола на механизмт од страна на Европскиот парламент.

Нејзиното барање е поддржано од страна на групата на зелените и обединетата европска левица, но во четврток кога е предвидено гласањето за предложениот текст се очекува ЕП најверојатно да го усвои извештајот на шпанскиот пратеник Агусто Мера од демохристијанската група со кој се воведува суспензивниот механизам за визната политика на ЕУ. За да ги смири противниците на својот извештај, известувачот на крајот од дискусијата порача дека „земјите од Западен Балкан не треба да стравуваат од ништо“

Можеби ќе ве интересира

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?