Австрија се бори со највисока инфлација во последните 47 години, а во еврозоната исто урива рекорди
Објавено во: Економија 19 Јули, 2022
Aвстрија се соочува со највисока инфлација за период од 47 години.
Во јуни инфлацијата достигна нова рекордна вредност од 8,7 отсто. Мини потрошувачката корпа, што покрај намирници и услуги содржи и гориво, на годишно ниво скокна за 19 отсто. Горивото дизел, во споредба со јуни лани поскапе за околу 65 проценти, а бензинот за 61 отсто, покажаа податоците на Статистичкиот завод на Австрија.
Во еврозоната инфлацијата урива рекорди. Годишната стапка на инфлација во еврозоната била 8,6 отсто во јуни. Највисоки годишни стапки се забележани во Естонија (22 отсто), Литванија (20,5 отсто), а најниски во Малта (6,1 отсто) и Франција (6,5 отсто).
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.