КАКОВ ОКТОМВРИ ЌЕ ИМАМЕ? Еве ја месечната анализа за месецот
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2024
Месецот Октомври веќе започна со многу променливо време, па така ќе продолжи во текот на целиот месец, нормално, барем според најновите достапни прогностички материјали кои ги имам, вели метеорлогот Славчо Попоски.
Според него, врнежите во регионот ќе бидат значително натпросечни, додека кај нас во Македонија тие ќе бидат околу просекот, а натпросечни врнежи се можни во западните предели од Македонија.
„Што се однесува до температурите, тие ќе бидат околу просекот за месец Октомври, но мора да напоменам дека и понатаму ќе имаме доста осцилации на температурите, односно ќе се менуваат топлите и студените воздушни маси, па не би било чудно повторно во текот на месецов да се појави мразот и сланата во утринските часови, па и снегот на високите планини.
НАПОМЕНА: Поради тоа што се работи за доста долгорочна анализа, промени во истата се можни, па токму поради ова за да не дојде до забуна кај граѓаните, тие да ги следат моите пократкорочни метео анализи, кои се со голема веројатност за остварување“, вели тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.