16 Декември, 2025
0.0677

БАРАТЕ РАБОТА ВО СТРАНСТВО: Што нуди и бара Норвешка и зошто да ја изберете таа земја?

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2016 14:32

Добивај вести на Viber

„Да избегате некаде“ ...мисла која често ви се врти низ глава. Ама ве сопка едно прашање: каде и како?!

Ако барате работа, Норвешка е вистинско место за тоа, но предходно мора да исполните многу строги услови за работа. Норвешка постојано бара инженери, наставници, медицински сестри, како и возачи на автобуси, готвачи и келнери, а просечната плата е околу 4500 евра.

Доколку сакате да работите во оваа скандинавска земја, потрбна ви е работна дозвола за престој, а за да ја добиете прво треба да најдете работа односно да имате конкретна работна понуда.

Просечна плата таму е 36 700 норвешки круни или 4984 евра и е меѓу највисоките во Европа.

Готвачи-кувари може да заработат 3200 евра, болничари 3800, градежни инженери 5300 , инжерски информатичари 5400 м фармацевти 6000 евра, заварувачи 3800, возачи 4000, лекари 7000 , молери 3000 евра, електирчари 4000 евра.

Храната во Норвешка е поскапа за 62 одсто во однос на другите европски земји.

Просечна станарина во таа земја е околу 5 500 NOK, односно 657 евра. Станарините во Осло и Ставангер се поскапи во однос на другите градови на таа земја. Исто така куќа со двор во Норвешка може да се купи во просек за околу 2.000.000 do 3.500.000 NOK, односно 238.900 до 418.120 евра.

Завршено образование мора да биде еквивалент на стручна обука во Норвешка. Доколку е потребна авторизација на диплмата потребно е да ја приложите и неа или признаена лиценца, ако е во прашање здравствен персонал. Ако сакате да работите како персонал во кадровска фирма, мора да доставите список со работни обврски кои работодавачот веќе планирал да ги извршувате, како и доказ дека вашата диплома е признаена во Норвешка.

За авторизација се потребни пасош, диплома, детален план и програм на образовани со список предмети, пракса и темата кои се обработени низ образованието како и доказ за положен стручен испит.

За да добиете дозвола за престој мора да уплатите такса за поднесување на барање за добивање на дозвола која изнесува околу 350 евра. Дозволата за престој се добива за период од една до три години, а после три години се поднесува барање за одобрување на постојан престој.

Во случај да ја изгубите работата , може да останете во Норвешка шест месеци да барате друга. Ако сакате да бидете сезонски работник во рибарство, угостителство, туризам или здравство, работодавчот мора да добие потврда дека не е можно да се најдат доволно работници од Норвешка и ЕУ за извршување на таа работа.

Не може да бидете сезонски работник повеќе од шест месеци во период од година дена.

Според податоците на ОН, Норвешка е рангирана како земја со највисоки просечни примања, најдолг животен век на жители и најдобри услови за живот на своите граѓани. Повеќето жители на Норвешка поседуваат своја сопствена куќа. Така околу 90 одсто од брачните парови имаат своја куќа или стан.

Каде да најдете најлесно работа во Норвешка?

На сајтовите во прилог може да побарате низа огласи за работа и да аплицирате.

Ова е официјалната страна на ЕУРЕС каде може да побарате детали и да аплицирате за работа во оваа земја.

http://www.jobsinoslo.com/

http://www.treider.no/

http://www.norwork.no/

http://jobb.blocket.se/lediga-jobb-i-hela-sverige/jobs-in-english/?gclid=CjwKEAjw65GqBRCj3fLFwK2SpWoSJABa3E3cpA_MQ14AkxTAdfskCU0lBzqCYX-d-P-Jvle4MqD6GBoC-Crw_wcB

http://work.sweden.se/

http://www.indeed.com/l-Norman,-OK-jobs.html

http://www.snagajob.com/jobs/oklahoma/norman_jobs.html

https://ec.europa.eu/eures/eures-searchengine/page/main?lang=en#/fullscreenJvView?jvId=3916851&pesId=54&uuId=d16096c483994b618a5e2dcf83409adb

https://ec.europa.eu/eures/eures-searchengine/page/main?lang=en#/fullscreenJvView?jvId=3943561&pesId=54&uuId=7b6d875fa81e469cbc41a352ba9f1abb

Можеби ќе ве интересира

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА