БЕЏЕТИ: Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2024
Во врска со бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби од Македонија, Блерим Беџети рече дека не знае детали, но го повика поранешниот сопартиец да се врати.
„Артан Груби веќе не е дел од ДУИ. Тој се повлече, пред партиските органи да донесат таква одлука“, рече денеска организацискиот секретар на интегративците и пратеник, Беџети во гостување во ТВ21.
Беџити вели дека ДУИ ги почитува, ги прифаќа и има сериозен пристап кон одлуките на Стејт Департманот за црната листа.
„Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата, за да се соочи. Значи, станува збор за случајот со Државна лотарија, а не за црната листа на САД, тоа е нешто друго. Како секој граѓанин, и како носител на јавна функција, ако е чист како што кажува или пак прекршил закон, тоа треба се констатира во органите. Се надевам дека поскоро ќе се соочи, тој, и многу други“, изјави Беџети.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа СДСМ и ДУИ да го повикаат Груби да се врати.
фото принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.