Бербок до Муцунски: ЕУ засега одлучува само едногласно

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2024 14:39
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во Берлин рече дека понатамошниот евроинтегративен процес на Македонија ќе продолжи само со едногласна одлука на земјите членки на ЕУ.
Таа во изјава за Дојче Веле вели дека сè додека во Европската унија се одлучува едногласно, Македонија мора да ги почитува компромисите и да ги вметне Бугарите во уставот за да ги почне пристапните преговори со ЕУ. Според Бербок, во овој случај не станува збор за неправда, туку за почитување на правилата на ЕУ, иако и таа самата вели дека се залага за укинување на принципот на едногласност во ЕУ, особено во делот на проширувањето.
„Правилата во ЕУ се такви, се одлучува едногласно, и тука не се работи за некаква неправда. Ние не се согласуваме со нашите европски партнери во сѐ, но такви се правилата. Сѐ додека тие правила не се сменат, за што јас лично се залагам, тие треба да се почитуваат“, истакна Бербок на заедничката прес-конференција со Муцунски.
Германската министерка при тоа повторила дека вметнувањето на бугарското малцинство во уставот е последниот чекор за отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
БРИТАНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СООПШТЕНИЕ: Лидерите разговарале за договорот на Северна Македонија за приклучување кон Заедничката работна група за миграција

Синот на Ѓорѓија Сајковски е матурант: Му посака успех и да се бори со новите предвизици

ДАВИТКОВСКИ ЗА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Aко не се подели, мислам со 50-60 обвинети тоа ми личи на змиско око

ТУФЕГЏИЌ: Снимката со лопата исклучува било каква поврзаност на таткото Александар Ѓорчевски со грабнувањето

(ВИДЕО) MИЦКОСКИ: Постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

„КОЈ Е СЛЕДЕН“ НАПРАВИ ГЕРИЛА АКЦИЈА: Пред ОЈО Скопје поставија платно со имињата на загинатите во пожарот и другите трагедии

НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ОДНОСИТЕ: Македонија ќе потпише стратешко партнерство со Обединетото Кралство

ОРЦЕ СЕ ПОФАЛИ: Приходите на Кисела Вода се повеќе од два пати зголемени во последните две години

ЧЕТИРИ ПАЦИЕНТИ КОИ БЕА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО СЕ ВРАЌААТ ДОМА - меѓу повредените во Кочани уште 11 лица остануваат во установите надвор од земајва
