07 Октомври, 2024
0.0264

БЕРЗАНСКА АНАЛИЗА: На мета на купувачите „Бетон“ и „Усје“, вкупниот промет се уште скромен!

Објавено во: Економија 24 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Најинтересни седмицава беа акциите на цементарницата Усје и на скопски Бетон кои беа мета на купувачите заради солидните дивиденди што ќе ги поделат Уште една скромна трговска седмица на македонскиот пазар на капитал во која најтгруваните акции „Комерцијална банка“ и „Алкалоид“ само ги заменија своите места од аспект на остварениот промет. Од другите акции вреди да се истакне растот на цената на скопски „Бетон“ поттикнат од солидната дивиденда што ќе ја подели друштвото, зголеменото тргување со акцијата на цементарницата „Усје“ исто така заради солидната дивиденда од над 2.300 денари во нето износ за акција.  Најтргувана акција оваа седмица на Официјалниот пазар беше „Алкалоид“ со промет од 6,8 милиони денари и минимална ценовна корекција. Акцијата се тргуваше во маргина од 51 денари одвај 1 отсто од пазарната цена (од 5.000 до 4.949 денари за акција). Малата корекција не значи ништо друго освен нова базна цена за таа акција откако измина рокот за поделба на дивиденда и акцијата беше во корекција по што доаѓа време за нова базна цена која е повисока од цената што акцијата ја имаше лани во периодот по изминување на рокот за поделба на дивиденда. Со оглед на добрите финансиски резултати и добивката од извештајот за првиот квартал може да се очекува дека пазарната цена на акцијата на  „Алкалод“ во периодот кога истече рокот да носи дивиденда веќе излегува од корекција и дека ова што досега го гледавме на ниво од 4.800 до 4.900 денари за акција е новата базна цена. Но останува да видиме што ќе покаже пазарот во наредниот период. „Комерцијална банка“ влезе во период кога имаше силен пад на прометот проследен со мал раст на цената. Дали ќе го задржи нивото над 1.800 денари за акција? Со оглед на тоа дека во наредниот месец нема најави за нови позитивни вести од таа компанија не треба да се очекува некој значаен позитивен исчекор на ценовното ниво, но на нашиот пазар на капитал многу пати тие работи не се предвидливи и заради тоа останува да видиме дали некој акционер во банката има потреба да ја подигне цената заради пазарната вредност на дел од своето портфолио... „Бетон“ втора седмица по ред бележи раст на цената, а особено оваа седмица бележи зголемен обем на тргување и е втора акција според остварен промет со реализација од 1,4 милиони денари на сегментот „берзанска котација“. Таа се тргуваше во маргина од 6.586 до 7.958 денари, но затвори тргување на цена пониска за 500 денари од највисоката постигната цена и се тргуваше сите пет трговски дена. „Македонијатурист“ оваа седмица се најде во најтргуваните акции со промет од 1,3 милиони денари и единствена цена од 3.500 денари за акција постигната четири трговски дена- веројатно тоа е корективот по истекување на рокот за дивиденда. На сегментот „задолжителна котација“ единствена акција со промет над еден милион денари беше Прилепската пиварница со реализација од 1,85 милиони денари и единствена цена од 25.000 денари за акција. Уште една акција се најде на маргината од еден милион денари – тоа е скопската цементарница „Усје“ која се тргуваше во маргина од 21.000 до 21.500 денари за акција. Причина за атрактивноста на таа акција е тоа што за лани носи дивиденда што во нето износ надминува 2.300 денари за акција и заради тоа таа акција и со оваа цена носи принос поголем од 10 отсто и очигледно дека е атрактивна за некои мали инвеститори, големи не може да има заради тоа што помалку од 5 отсто од акциите се слободни за тргување.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми