15 Јануари, 2025
0.0313

Бесплатни здравствени прегледи по повод Светскиот ден за борба против пушењето

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

По повод Светскиот ден против пушењето, Скопје Сити Мол во соработка со ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза утре ќе организира бесплатни тестови за сите граѓани.

Од 11 до 14 часот  медицинска екипа на ЈЗУ на приземјето во Скопје Сити Мол ќе ги изведува следните медицински тестови:

- Одредување на вредноста на карбон моноксид во издишаниот воздух со помош на апарат: check smoke analyser,

- Одредување на присуство на кислород во крвта (изразено како сатурација со кислород во проценти) со помош на апарат- пулсоксиметар,

- Одредување на вредноста на максималниот експираторен проток (индивидуална способност за издишување на што поголема количина на воздух од белите дробови) изразен како ПЕФ со апарат пикфлоуметар.

anti-smoking-day

Сите граѓани најпрво на пултот ќе имаат можност да пополнат прашалник во однос на општи податоци за пушачките навики (стаж, број на дневно испушени цигари, присуство на кашлица и сл), а со помош на медицинските лица ќе ги пополнат и двете листи кои што се однесуваат на пушачите и можноста да пресметаат колкави се нивните трошоци за пушењето и кои се придобивките ако се откажат од пушењето. Доколку при првото испитување граѓаните добијат вредности поголеми од 7 тогаш ќе им бидат направени и другите наведени испитувања со цел да се добијат сите дополнителни информации за здравјето.

За време на Светскиот ден за борба против пушењето, Скопје Сити Мол и Просветно дело дополнително ќе спроведат уште една акција „Остави ги цигарите, земи книга и едуцирај се за здравјето“. Имено,за време на прегледите на приземјето на молот ќе биде поставена кутија во која сите оние кои ќе ги фрлат своите кутии полни со цигари ќе добијат книга од Просветно Дело за здравјето.

Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ