Би-Би-Си го суспендираше водителот на емисијата „Top Gear“!
Објавено во: Мои пари 10 Март, 2015 20:38
После последните во низа несогласувања со продуцентие, водителот на емисијата за автомобилизам „Top Gear“ Џереми Кларксон, е суспендиран од Би-Би-Си.
Портпаролката на телевизијата кратко рекла:
„После несогласувањата со продуцентите, Џереми Кларксон е суспендиран и против него е покрената истрага. Никој освен него не е суспендиран. Емисијата „Top Gear“ нема да биде емитувана во неделата. Би-Би-Си во моментов не сака да ја коментира оваа вест“.
Ова е голем комерцијален удар за Би-Би-Си, со оглед на тоа дека „Top Gear“ е една од нивните најгледани емисии. Емисијата е популарна ширум светот и на годишно ниво телевизијата од продажба на права и релами заработува преку 200 милиони евра. Тоа исто така е најгледана емисија на каналот Би-Би-Си-2, која секоја недела ја гледаат преку 5 милиони гледачи. Во време на божиќните празници, емисијата имаше дури 7 милиони гледачи.
Ова не е прв пат Кларксон и Би-Би-Си имат проблем. Тој своевремено ги споредил јапонските автомобили „со луѓето кои имаат израстоци на лице“, а луѓето кои си го одземаат животот ги нарече „себичњаци“.
Минатата година имаше расистички забелешки во текот на една емисија, кога во децка емисија го вметнал зборот „нигер“ (прекар за црнци). Кларксон тогаш претрпел остри критики од уредниците на телевизијата, и продуцентите рекле „дека тоа му е последно предупредување“.
Со оглед на неговиот проблематичен карактер и на неговите многубројни скандали од минатото, јасно е дека единствена причина за опстанокот на Кларксон на телевизијата беше големата гледаност. Иако уште не се знае точната причина за неговата суспендија, нема сомнение дека во средината нешто големо се наоѓа, бидејќи продуцентите не ги пуштаат „низ вода“ чисто така водител на емисија кој секоја недела го гледале помеѓу 5 и 7 милиони гледачи.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив





