18 Октомври, 2024
0.1291

Бислимовски: Берзите се осетливи на политика, но не очекувам ценовни шокови

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ посочи дека проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но не очекува некои сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија

- Во делот на обезбедувањето на гас Македонија ќе нема проблеми. Гасот доаѓа од „Турски тек“, тоа е во најголем дел гас на „Гаспром“, од Турција преку Бугарија доаѓа кај нас. Единствено проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но она што го гледаме е дека и Австрија кажува ние немаме проблем да обезбедиме гас од друго место, Унгарија истото го кажува. Чешка и Словачка биле подготвени. 

Така што, не очекувам некои сериозен удар во однос на цената на гасот па понатака тоа да влијае и на електричната енергија. Можно е бидејќи вообичаено Европа во отсекогаш увезувала доста големи количини на електрична енергија од Украина. Сега енергетски голем број на производствени енергетски постројки во Украина во оваа тотално луда војна, се уништени и веќе се гледа и обратна насока на движењето на електричната енергија. Увезуваат електрична енергија и ќе видиме тоа како оваа зима ќе биде најкарактеристично бидејќи во изминативе неколку месеци се уништија најголем број на нивни производни постројки. Па ќе видиме сето тоа како ќе функционира, вели Бислимовски.

Првиот човек на РКЕ сепак предупреди дека сите берзи се чувствителни на политички шокови и тоа најмногу го плаши.

- Она што го гледаме на берзите е да кажеме некоја цена од помеѓу 100 и 110 евра за мегават час.Тоа се првиот квартал на 2025 и цела 2025, тука е некаде во разлика од пет проценти. Па да видиме како ќе биде, но предизвици секогаш ќе има. Беше интерсно во изминативе неповрзано со електрична енергија природниот гас кога се навестија нападите на Иран врз Израел, цената на нафтата порасна за 10 долари. Па сега кога пројде тоа почнува да се намалува овие неколку дена. Така што, берзиве на сите енергенси се исклучително осетливи на политика што не е добро, рече Бислимоски.


Можеби ќе ве интересира

ЕСМ назначи нови директори за парно греење

ЕСМ назначи нови директори за парно греење

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници