07 Декември, 2025
0.0340

Битолчанецот кој е лидер на „Иван Михајлов“ за прв пат се појави во јавност

Објавено во: Македонија 29 Март, 2021 08:58

Добивај вести на Viber

Битолчанецот Љубчо Георгиевски, претседателот на контроверзниот Културен центар „Иван Михајлов“ од Битола, кое бара Бугарите да бидат споменати во македонскиот Устав и кое тврди дека Македонците со стотина илјади бугарски пасоши се Бугари, за прв пат се појави во јавност.

Тој вчера беше гостин на бугарската телевизија, a Георгиевски е претставен како еден од луѓето кои најактивно се справуваат со проблемите на македонските Бугари. Само пред еден месец, центарот испрати отворени писма до претседателот,

премиерот и министерот за надворешни работи на Република Бугарија, со барање за помош за „остварување на нивните права да бидат земени предвид при претстојниот попис“. Писмото како да беше нарачано да отвори нов циклус на судири помеѓу бугарскиот и македонскиот државен врв.

По неговата жалба, претседателот Румен Радев ги свика безбедносните служби. На состанокот се разговараше за преземање навремени мерки за соодветно заштита на правата на бугарските граѓани во странство „кога се нападнати заради нивната национална самосвест“. Македонскиот претседател Стево Пендаровски оба го нарече „мешање во внатрешните работи во земјата “. Георгиевски има 43 години, тој е од Битола, има три деца на18, 16 и 14 години.

„Тешко е да се биде Бугарин во Македонија, воопшто не е лесно. Роден сум во поранешна Југославија која не убедуваше дека сме Македонци. И прифативме дека сме Македонци, а Бугарија дека е место за одмор. Колку повеќе си заинтересиран и читаш, разбираш дека си Бугарин “, рече Георгиевски.

За учебниците по историја во Македонија вели дека за Бугарите пишува дека тие се фашисти, агресори и окупатори. Вели дека кога неговите деца биле помали, тие прашувале дома: „Дали сме фашисти?“ 

„Не беше лесно да им се објасни ова на децата. Исто така е тешко да се најде работа кога ќе се прогласите за Бугарин“, вели тој.

Георгиевски.вели дека по неговото писмо до бугарскиот претседател, македонските служби започнале да следат многу негови познаници, но не и него личпно.

„Не можете слободно да носите повеќе книги од Бугарија, не можете да ги донесете на граница“, тврди Георгиевски.

Тој нема бугарско државјанство, има само документ со бугарско потекло.  Според него, 120.000 Македонци имаат бугарски документи.

Членовите на Културниот центар во Битола во писмото испратено до претседателот на Бугарија, Румен Радев, на 17 февруари 2021 и потпишано од претседателот на центарот Љупчо Георгиевски, меѓу другото велат дека се соочуваат со огромен проблем во врска со претстојниот попис во Северна Македонија. Пред десеттина дена од Центарот испратија писма и до премиерот Бојко Борисов, и министрите Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева.

Културниот центар е основан во март 2019 година. Тоа е прва институција, без оглед што е невладина организација, која во Македонија го носи името на контроверзниот Иван Михајлов.

Георгиевски при посетата беше и гостин кај министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која сакал од него да слушне со какви предизвици се соочуваат Бугарите во Македонија.

„Бугарија нема да ве остави на цедило - ова беше мојата порака до Љубчо Георгиевски и Георги Црномаров од Центарот за култура Иван Михаилов во Битола. Тие ми раскажаа за бројни случаи на закани и дискриминација на граѓани од Република Северна Македонија со бугарски идентитет. Луѓето се исплашени и често не сакаат да збируваат за тоа“, напиша Захариева на Фејсбук.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино

Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино

ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?

ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?

Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови

Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови

„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски

„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски

„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите

„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија

„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани

„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани

Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ