07 Октомври, 2024
0.0326

БИЗНИСМЕНИТЕ ВОЗНЕМИРЕНИ: Ќе има ли раст на каматите?

Објавено во: Економија 24 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Бизнисот и аналитичарите со негодување ја примаат веста за можниот раст на каматите. Гувернерот Богов во исцрпно интервју за Радио Слободна Европа смета дека неговата изјава е малку извадена од контекст. „Искуството во Македонија покажува дека секогаш кога има рецесија обично има и притисоци врз макроекономската стабилност. Во таква ситуација, Народната банка, според закон, има обврска да ја одржи ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот систем. Инструментите коишто нам ни стојат на располагање се каматните стапки, задолжителната резерва, макропрудентните мерки. Ние ќе го преземеме она што мора да го преземеме за да ја зачуваме стабилноста во една таква хипотетичка ситуација. Она што беше пренесено, беше пренесено дека гувернерот уште утре ќе ги зголеми каматите, што е сосема различно од она што беше кажано“ вели Гувернерот. Бизнисот, сепак веднаш реагираше. “Ако се случи такво нешто, односно ако се оставарат најавите на НБРМ, очекувам тоа да не биде драстично, или да биде во рамките на некоја поднослива мерка зошто без кредитна поддршка, стопанството тешко ќе може да функционира и сето тоа негативно, би рекол, лошо ќе се одрази врз вкупната економија, врз компаниите“, изјави Митко Алексов од Сојузот на стопански комори апелирајќи за што побрза разрешница на политиката криза. Дел од економистите сметаат дека сигналите на НБРМ треба да се сфатат сериозно, дури и да се во форма на предупредување. “Во оваа фаза мислам дека најавата на гувернерот Димитар Богов дека е можно заострување на монетраната политика е во функција на превентивно делување бидејќи во моментов на девизниот пазар нема значајни притисоци, но што ова е најавенот мислам дека и треба да се очекува дека ќе се случи. Заострената монетрана политика директно ќе влијае врз вкупната економија. Тоа пред се значи дека ќе се зголемат каматите за кредитите, што ќе предизвика намалена кредитна активност. А токму кредитите се клучниот фактор за развој на фимите, па понекогаш дури и значајни за опастанок на компаниите“, вели економистот Благица Петревска. Аналитичарот Бранимир Јовановски во колумна за Фактор вели дека е НОН-СЕНС да се очекува каматите да растат. Од три едноставни причини. Или, ако преферирате академски термини – заради трите варијабли кои влегуваат во оптималното монетарно правило за водење на монетарна политика во економија како македонската, инфлацијата, економскиот раст и девизните резерви. Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми