16 Декември, 2025
0.1608

„Благој Ѓорев“ ќе откупи рекордни 10.000 тони сончоглед од македонските земјоделци

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2014 12:19

Добивај вести на Viber

Прехранбената индустрија „Благој Ѓорев“ и оваа година ќе ја откупи расположливата количина на маслодајни семиња  во Македонија, или рекордни 10.000 тони откуп. Компанијата дополнително ги охрабрува земјоделците да ја одгледуваат и произведуваат оваа култура, бидејќи им е загарантиран откупот, што претставува голема сигурност да се преориентираат кон одгледување на маслодајни семиња. Моментално се одвива откупот од Пелагонија, а потребата за поголеми количини од сончогледово зрно за производство на сончогледовото масло КРИСТАЛ ќе се надополни од увоз. „Зголемената побарувачка и добрата прифатеност на производите од страна на потрошувачите, како во Македонија, така и во соседните земји Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, е потврда дека сме на вистинскиот пат, и дека создаваме квалитетни производи. Како единствен откупувач на маслодајни семиња  во Македонија оваа година ќе откупиме се што од оваа култура ќе биде понудено кај нас, но сеуште постои потенцијал за зголемување на производството, што остава простор во идните години и за дополнителен откуп“, изјави Горан Лазов, генерален директор на „Благој Ѓорев“. „Благој Ѓорев“ започна да работи како фабрика за масло во 1923 година, па се до 1999 година кога е трансформирана во Прехранбена индустрија поради широкиот асортиман на прехранбени производи во сопствено производство. Покрај производството на рафинирано масло, маргарин и други тврди масти оваа прехранбена индустрија произведува оцет и кондиторски производи и тоа следејќи ги актуелните законски регулативи и имплементирајќи го HACCP системот и ХАЛАЛ стандардот. Нивните „Кристал“ производи се избрани за супербренд во 2013/2014 година.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив