11 Мај, 2024
0.0237

„Близу“ со нови десет канали: Sportklub HD, N1 и ексклузивните британски број 1 музички канали

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Телекомуникацискиот оператор од денес ја збогати својата програмска понуда со нови ексклузивни канали, како и со каналите од платформата Sportklub кои повторно се вратени во програмските листи.

„Близу“ денес активира вкупно десет канали од Sportklub платформата, од кои покрај веќе постоечките SK1, SK2, SK3, Ultra, Cinemania и Lov I Ribolov, додаде три нови канали: Sportklub HD кој за првпат се емитува на територијата на Република Македонија, информативниот N1 и Grand Narodna. Каналите ќе бидат распоредени во два пакета кои ќе бидат бесплатно вклучени во одредени пакети на операторот.

Покрај овие канали, „Близу“ ексклузивно ги вклучи британските број 1 музички канали: Smash Hits, Kerrang!, Kiss, а наскоро и каналите Magic и The BOX Africa. Со додавањето на овие канали, „Близу“ стана единствениот оператор во Македонија кој го има интегрирано портфолиото на најгледаната платформа на музички канали во Европа, BOX Television. Новите канали ќе бидат вклучени во пакетот ДТВ плус, каде корисниците ќе ги следат каналите без дополнителна доплата.

logo

„Со вклучувањето на десетте канали од најгледаната спортска платформа на канали - Sportklub и новите канали од британската платформа на канали BOX, остваривме една од нашите примарни цели - вклучување на што е можно повеќе и што е можно поразлични канали од најдобрите платформи на канали. Ние сме мотивирани да го понудиме најдоброто од светската музичка и спортска сцена и ова е само еден чекор кон остварување на истото“, изјави Искра Секуловска, маркетинг- директор во „Близу“.

Со вклучувањето на овие канали премиум, „Близу“ го најави претстојното зголемување на бројот на канали во својата понуда со каналите Djazz TV HD, Brava HD и Classica HD. Близу ДООЕЛ Скопје е телекомуникациски оператор кој од јуни 2014 година е во сопствеништво на ТАГ (Телеком Австрија Групација). Операторот на своите корисници им нуди комплетни телекомуникациски услуги: неограничен интернет со брзина до 150 Mbps, дигитална телевизија со најголем избор на канали со висока резолуција и фиксна телефонија без месечна претплата, по цени достапни за сите.

Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните