16 Декември, 2025
0.1537

Борка и Бимилк ја започнаа акцијата „розови и здрави“

Објавено во: Мои пари 07 Март, 2015 18:43

Добивај вести на Viber

Здружението за борба против ракот на дојката Борка и млекарницата Бимилк започнаа акција под мотото „Розови и здрави“. Во рамките на акцијата, Бимилк пушти во продажба Битолски јогурт со посебен дизајн на пакувањето, со чие купување потрошувачите ќе имаат можност да донираат дел од цената на производот за превенција од ракот на дојката.

Во рамките на акцијата, Бимилк и Борка организираат информативни пунктови каде заинтересираните ќе може да добијат повеќе информации од стручен карактер за раното откривање и лекување на ракот на дојката. Првите информативни пунктови беа поставени викендов во Веро Центар и Керфур, а во следните три викенда информативни пунктови ќе има и во Веро 2, Тинекс кај поранешен Годел, Тинекс кај Драмски театар, Рамстор Центар, Рамстор во Капитол мол и Рамстор во населбата Капиштец. На првиот информативен пункт присуствуваше и претседателката на здружението Борка, Биба Додева.

bimilk 2

„Акцијата „Розови и здрави“ е одлична прилика во текот на месецот на жената потрошувачите да се информираат за превенцијата, раното откривање и лекувањето на ракот на дојката и секако да дадат свој придонес во борбата со оваа болест преку купување на Битолски јогурт на чие пакување стои препознатливата розова панделка. Ракот на дојката е тешка болест со која секојдневно се соочуваат сé поголем број жени, наши мајки, сестри, пријателки, сосетки и затоа секоја помош во борбата против оваа болест е добредојдена.“ – изјави Биба Додева.

Средствата кои ќе се соберат во рамките на акцијата „Розови и здрави“ ќе бидат искористени за одржување на едукативни трибини ширум Македонија со цел што поголема едукација на населението за превенција од ракот на дојката.

bimilk 1

„Бимилк е компанија која се грижи за здравјето на потрошувачите, не само преку производство на здрави и вкусни производи туку и преку организирање на вакви и слични акции. Оттука задоволство ни е да ги повикаме потрошувачите во што поголем број да се вклучат во акцијата „Розови и здрави“ за сите заедно да помогнеме во борбата против ракот на дојката.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив