18 Декември, 2024
0.0296

НАЈГОЛЕМО СПОЈУВАЊЕ ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА – ВО „ИГРА“ СЕ ЈАПОНСКИ ГИГАНТИ: Што значи ова за пазарот?

Објавено во: Економија 18 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Јапонските производители на автомобили Нисан Мотор и Хонда Мотор планираат да влезат во преговори за спојување за подобра конкуренција во глобалната автомобилска индустрија која брзо се менува, објави јапонскиот весник Никеи.

Според извештајот, Honda и Nissan ја разгледуваат можноста да работат под холдинг компанија, а наскоро ќе потпишат и меморандум за разбирање. Тие, исто така, планираат на крајот да го вклучат и Mitsubishi Motors во оваа холдинг компанија. Со 24 отсто, Nissan има најголем удел во Mitsubishi Motors.

Според весникот Nikei, комбинираниот ентитет Nissan-Honda-Mitsubishi би имал годишна продажба од повеќе од 8 милиони возила. Тоа ќе го стави меѓу најголемите светски производители на автомобили, но сепак подолу од јапонската Toyota Motor, која продаде 11,2 милиони возила во 2023 година и германскиот Volkswagen, кој продаде 9,2 милиони минатата година.

Во слични изјави, Honda и Nissan ниту ја потврдија ниту ја демантираа информацијата.

- Извештајот не е објавен од нашата компанија. Како што беше најавено во март оваа година, Honda и Nissan истражуваат различни можности за идна соработка, искористувајќи ги силите на едни со други. За сите новости навремено ќе ги информираме нашите заинтересирани - изјави претставникот на Хонда.

Извештајот за спојување доаѓа откако двата јапонски производители на автомобили влегоа во стратешко партнерство оваа година за споделување на автомобилски компоненти и софтвер.

Овој потег ќе биде најголемото спојување во автомобилската индустрија откако Fiat Chrysler и француската PSA Groupe го формираа Stellantis во јануари 2021 година.

Автоконсултантите и другите експерти неодамна повикаа на повеќе спојувања и превземања за да ги споделат трошоците и подобро да се натпреваруваат против брзорастечките кинески производители на автомобили, како и со американскиот лидер за електрични возила Тесла.

Акциите на Хонда на американската берза поскапеа за околу 1 отсто во вторникот. Акциите на Nissan, кој е во процес на реструктуирање, пораснаа за повеќе од 11 отсто, пишува CNN (CNBC).

фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПОНУДИ ЗА ИЗГРАДБА НА ИНТЕРКОНЕКТОРОТ СО ГРЦИЈА: Еве од каде се пријавените фирми

ПЕТ ПОНУДИ ЗА ИЗГРАДБА НА ИНТЕРКОНЕКТОРОТ СО ГРЦИЈА: Еве од каде се пријавените фирми

Струјата за домаќинствата од 1 јануари поскапе минимално

Струјата за домаќинствата од 1 јануари поскапе минимално

Узунчев: Марковски Компани нема да може да аплицира на повикот за јаглен

Узунчев: Марковски Компани нема да може да аплицира на повикот за јаглен

Божиновска: 85 милиони долари достапни за праведна транзиција – инвестициите проценети на 3 милијарди евра

Божиновска: 85 милиони долари достапни за праведна транзиција – инвестициите проценети на 3 милијарди евра

АВТОМОБИЛСКИ ГИГАНТ ПОВЛЕКУВА ИЛЈАДНИЦИ ВОЗИЛА - само од пазарот во Германија 160.000 автомобили, над 700 илјади во светот

АВТОМОБИЛСКИ ГИГАНТ ПОВЛЕКУВА ИЛЈАДНИЦИ ВОЗИЛА - само од пазарот во Германија 160.000 автомобили, над 700 илјади во светот

СРЕДБА АЗЕСКИ-МАСУТИС: Продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати

СРЕДБА АЗЕСКИ-МАСУТИС: Продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЦАРИНА: Запленети 780 килограми режан тутун, вреден 3,4 милиони денари

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЦАРИНА: Запленети 780 килограми режан тутун, вреден 3,4 милиони денари

ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АУКЦИИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ЌЕ СЕ СКРАТАТ ДРАСТИЧНО - се менува Законот, еве што друго се бара

ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АУКЦИИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ЌЕ СЕ СКРАТАТ ДРАСТИЧНО - се менува Законот, еве што друго се бара

НЕШТО СЕ „РАЗМРДУВА“ КАЈ ПРИЛЕПСКИОТ БИЗНИС БИСЕР - блок трансакција со акциите на „Прилепска пиварница“

НЕШТО СЕ „РАЗМРДУВА“ КАЈ ПРИЛЕПСКИОТ БИЗНИС БИСЕР - блок трансакција со акциите на „Прилепска пиварница“