09 Јануари, 2025
0.0263

Брисел ќе надгледува дали Маск ги крши законите на ЕУ

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Европските технолошки регулатори вечерва внимателно ќе го следат интервјуто на извршниот директор Илон Маск со лидерката на германската екстремна десница Алтернатива за Германија Алис Вајдел на социјалната мрежа за да утврдат дали има можни прекршувања на правото на ЕУ.

Така, тим од речиси 150 претставници на Европската комисија во Брисел и Севиља ќе помогне да се испита дали мрежата на Маск работи според техничките правила на ЕУ, пишува Politico.

Европските регулатори помалку ќе се грижат за самиот разговор и повеќе за тоа како платформата и алгоритмите на Маск го продаваат преносот во живо на своите повеќе од 100 милиони корисници во ЕУ.

Европратеници од редовите на социјалдемократите и либералите побараа на дневниот ред на заседанието Европскиот парламент, предвидено за од 20 до 23 јануари, да се стави и точка за лажните вести и говорот на омраза на социјалните мрежи. 

Либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) соопшти дека ќе побара „итна парламентарна дебата за неодамнешните објави“ на сопствениот на Икс, Илон Маск на оваа социјална мрежа и дали со нив се прекршуваат одредбите за умереност на содржините од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА). 

Според претседателката на РЕ, Валери Ајер, Европа не може да биде слепа пред намерата на Маск да се меша во демократските процеси во ЕУ. 

Дебата за оваа прашање побара и лидерката на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), Ираче Гарсија Перез во објава на Икс. 

- На нашите демократии им се закануваат нови опасности. Опасности кои се помоќни и од оружје: лажни вести, говор на омраза и злоупотреба на социјалните мрежи, напиша таа во објавата. 

Ваквите барања за проверка за „злоупотреба на социјалните мрежи“, уследија откако Маск во повеќе објави на Икс нападна неколку европски лидери и ја поддржа германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) во пресрет на предвремените парламентарни избори во земјата. 

Маск вчера објави фотографија на која е прикажан состанок на норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе со основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, по што Европската соопшти дека оваа „погрешна слика“ би можела да биде дел од нејзината тековна истрага против Икс за ширење дезинформации, што се води врз основа на Законот за дигитални услуги. 

Дополнително за денеска е најавено Маск во живо да пренесува интервју со лидерката на АФД Алис Вајдел, слично на она што го имаше со Доналд Трамп пред претседателските избори во САД. 

На почетокот на неделава германскиот европратеник од редовите на Европската народна партија (ЕПП), Аксел Вос соопшти дека оваа пратеничка група доставила неколку барања до Еврокомисијата за проценка дали однесувањето на Маск е во „спротивност со правилата утврдени со ДСА“. 

Слична загриженост изрази и европратеникот на Зелените, Демијан Бозелагер во отворено писмо упатено до извршната потпретседателка на Европската комисијата за технолошка сувереност, безбедност и демократија, Хена Виркунен, во чија надлежност е и контролата на почитувањето на ДСА.

Можеби ќе ве интересира

КРЕМЉ: Ja следиме драматичната реторика на Трамп за Гренланд

КРЕМЉ: Ja следиме драматичната реторика на Трамп за Гренланд

ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Има најмалку пет жртви, уапсени се и 20 крадци

ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Има најмалку пет жртви, уапсени се и 20 крадци

ЕРМЕНИЈА ГО НАПРАВИ ПРВИОТ ЧЕКОР: Oдобрен е законот за иницирање на апликацијата за членство во ЕУ

ЕРМЕНИЈА ГО НАПРАВИ ПРВИОТ ЧЕКОР: Oдобрен е законот за иницирање на апликацијата за членство во ЕУ

НАЈДОБРО МЕСТО ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ДЕЦА: Швајцарски град нуди многу можности

НАЈДОБРО МЕСТО ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ДЕЦА: Швајцарски град нуди многу можности

ИМА ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ: Зеленски ги повика партнерите да распоредат војници во Украина

ИМА ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ: Зеленски ги повика партнерите да распоредат војници во Украина

МЕЛОНИ Е УВЕРЕНА ДЕКА ТРАМП НЕМА ДА ГИ АНЕКТИРА ГРЕНЛАНД И ПАНАМСКИОТ КАНАЛ: Сакал да прати порака до друга земја

МЕЛОНИ Е УВЕРЕНА ДЕКА ТРАМП НЕМА ДА ГИ АНЕКТИРА ГРЕНЛАНД И ПАНАМСКИОТ КАНАЛ: Сакал да прати порака до друга земја

КАЛИФОРНИЈА – ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО САНТА МОНИКА, ОДЛОЖЕНИ НОМИНАЦИИТЕ ЗА ОСКАР: Почнаа да горат и Холивуд Хилс

КАЛИФОРНИЈА – ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО САНТА МОНИКА, ОДЛОЖЕНИ НОМИНАЦИИТЕ ЗА ОСКАР: Почнаа да горат и Холивуд Хилс

ТРАМП СПОДЕЛИ ВИДЕО ВО КОЕ НЕТАНЈАХУ Е НАРЕЧЕН „КУЧКИН СИН“: „Нè вовлече во бескрајни војни“

ТРАМП СПОДЕЛИ ВИДЕО ВО КОЕ НЕТАНЈАХУ Е НАРЕЧЕН „КУЧКИН СИН“: „Нè вовлече во бескрајни војни“

НА РЕД Е БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР: Маск разгледува начини за соборување за Стармер

НА РЕД Е БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР: Маск разгледува начини за соборување за Стармер