10 Јануари, 2025
0.0267

МЕЛОНИ Е УВЕРЕНА ДЕКА ТРАМП НЕМА ДА ГИ АНЕКТИРА ГРЕНЛАНД И ПАНАМСКИОТ КАНАЛ: Сакал да прати порака до друга земја

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека САД немаат намера „насилно да ги анектираат“ Гренланд и Панамскиот канал, толкувајќи ги изјавите на Доналд Трамп како порака насочена кон Кина.

Вели дека „исклучува дека САД насилно ќе припојат територии од нивни интерес во наредните години“, нагласувајќи дека Кина е многу заинтересирана за овие две територии. 

„Изјавите на Трамп првенствено претставуваат порака насочена кон другите големи сили. Зборуваме за две територии каде што влијанието на Кина расте во последните години“, рече Мелони.

Трамп пред два дена одби да ја отфрли употребата на сила за анексија на Гренланд, автономна територија под данска власт, а исто така постојано повторуваше дека САД треба да ја вратат контролата врз Панамскиот канал, кој САД го изградија во 1914 година, освен ако цената на преминот за американските бродови е намален.

Германскиот канцелар Олаф Шолц предупреди од принудни поместувања на границите.

„Принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја - без разлика дали е на исток од нас или на запад“, рече Шолц. 

Германскиот канцелар, исто така, рече дека разговарал за ова прашање со европските партнери.

„Евентуалната анексија на Гренланд од страна на САД претставува воена закана за Русија и може да стане отскочна штица за Америка во иден хипотетички интерконтинентален конфликт“, изјави  Андреј Картаполов, претседател на Одборот за одбрана на руската Државна дума за РИА Новости.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп деновиве изјави дека Гренланд треба да стане дел од Соединетите Американски Држави.

Можеби ќе ве интересира

КРЕМЉ: Ja следиме драматичната реторика на Трамп за Гренланд

КРЕМЉ: Ja следиме драматичната реторика на Трамп за Гренланд

ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Има најмалку пет жртви, уапсени се и 20 крадци

ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Има најмалку пет жртви, уапсени се и 20 крадци

ЕРМЕНИЈА ГО НАПРАВИ ПРВИОТ ЧЕКОР: Oдобрен е законот за иницирање на апликацијата за членство во ЕУ

ЕРМЕНИЈА ГО НАПРАВИ ПРВИОТ ЧЕКОР: Oдобрен е законот за иницирање на апликацијата за членство во ЕУ

НАЈДОБРО МЕСТО ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ДЕЦА: Швајцарски град нуди многу можности

НАЈДОБРО МЕСТО ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ДЕЦА: Швајцарски град нуди многу можности

ИМА ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ: Зеленски ги повика партнерите да распоредат војници во Украина

ИМА ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ: Зеленски ги повика партнерите да распоредат војници во Украина

Брисел ќе надгледува дали Маск ги крши законите на ЕУ

Брисел ќе надгледува дали Маск ги крши законите на ЕУ

КАЛИФОРНИЈА – ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО САНТА МОНИКА, ОДЛОЖЕНИ НОМИНАЦИИТЕ ЗА ОСКАР: Почнаа да горат и Холивуд Хилс

КАЛИФОРНИЈА – ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО САНТА МОНИКА, ОДЛОЖЕНИ НОМИНАЦИИТЕ ЗА ОСКАР: Почнаа да горат и Холивуд Хилс

ТРАМП СПОДЕЛИ ВИДЕО ВО КОЕ НЕТАНЈАХУ Е НАРЕЧЕН „КУЧКИН СИН“: „Нè вовлече во бескрајни војни“

ТРАМП СПОДЕЛИ ВИДЕО ВО КОЕ НЕТАНЈАХУ Е НАРЕЧЕН „КУЧКИН СИН“: „Нè вовлече во бескрајни војни“

НА РЕД Е БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР: Маск разгледува начини за соборување за Стармер

НА РЕД Е БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР: Маск разгледува начини за соборување за Стармер