ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Има најмалку пет жртви, уапсени се и 20 крадци
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2025
Најмалку пет луѓе загинаа во пожарите во Лос Анџелес.
Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна вели дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми. Конечната бројка на жртви ја нема.
Надзорникот на округот Линдзи Хорват изјави дека синоќа е прогласен полициски час во Малибу и Санта Моника поради „луѓето кои се обидуваат да ја искористат ситуацијата“, мислејќи на разбојниците. Досега 20 луѓе се уапсени за кражби.
„Ова е апсолутно неприфатливо. Сите ќе се собереме да го направиме секое маало безбедно“, најави таа.
Таа објави дека 15.000 луѓе во Малибу се без гас. Метрото е бесплатно, така што луѓето можат да стигнат каде што треба. Хорват ги повика луѓето да патуваат само доколку е неопходно.