09 Јануари, 2025
0.0266

НА РЕД Е БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР: Маск разгледува начини за соборување за Стармер

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Милијардерот Илон Маск одржа приватни разговори со сојузниците за можните начини за соборување на британскиот премиер Кир Стармер пред следните општи избори, објави денеска Financial Times.

Маск, најбогатиот човек на светот и близок соработник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, минатиот месец ја поддржа германската антиимигрантска партија пред изборите закажани за февруари и постојано ја коментираше британската политика, барајќи оставка од премиерот Кир Стармер.

Маск размислувал како тој и неговите сојузници би можеле да ја дестабилизираат лабуристичката влада и побарал информации за градење поддршка за алтернативните британски политички движења за да се урне владата, се вели во извештајот на весникот, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање, пренесува Ројтерс.

Маск не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.

„Неговиот став е дека самата западна цивилизација е под закана“, изјави еден извор за весникот.

Маск претходно го обвини Стармер за неуспех во процесирањето на групи мажи кои силувале млади девојки додека Стармер бил на чело на британското обвинителство во периодот од 2008 до 2013 година.

Маск треба да биде домаќин на лидерката на партијата Алтернатива за Германија, Алиса Вајдел во интервју во живо на Х во четврток.

Најавено е дека ќе разговараат за слободата на говорот и други теми по поддршката на технолошкиот милијардер за германската крајнодесничарска партија на претстојните општи избори во Германија, пренесе ДПА. Германската партија поддржана од Маск е означена како десничарска и екстремистичка од германските безбедносни служби.

Кампањата на извршниот директор на Tesla за AfD, во комбинација со навреди кон врвни германски политичари, со недели е извор на контроверзии. Критичарите го обвинуваат дека го искористил својот огромен дострел за да влијае на исходот од изборите во Германија на 23 февруари.

Пораките на Маск на X допираат до повеќе од 210 милиони корисници ширум светот.

Претходно оваа недела, норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере изрази загриженост за мешањето на Маск во политиката на другите земји.

фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Можеби ќе ве интересира

КРЕМЉ: Ja следиме драматичната реторика на Трамп за Гренланд

КРЕМЉ: Ja следиме драматичната реторика на Трамп за Гренланд

ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Има најмалку пет жртви, уапсени се и 20 крадци

ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Има најмалку пет жртви, уапсени се и 20 крадци

ЕРМЕНИЈА ГО НАПРАВИ ПРВИОТ ЧЕКОР: Oдобрен е законот за иницирање на апликацијата за членство во ЕУ

ЕРМЕНИЈА ГО НАПРАВИ ПРВИОТ ЧЕКОР: Oдобрен е законот за иницирање на апликацијата за членство во ЕУ

НАЈДОБРО МЕСТО ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ДЕЦА: Швајцарски град нуди многу можности

НАЈДОБРО МЕСТО ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ДЕЦА: Швајцарски град нуди многу можности

ИМА ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ: Зеленски ги повика партнерите да распоредат војници во Украина

ИМА ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ: Зеленски ги повика партнерите да распоредат војници во Украина

МЕЛОНИ Е УВЕРЕНА ДЕКА ТРАМП НЕМА ДА ГИ АНЕКТИРА ГРЕНЛАНД И ПАНАМСКИОТ КАНАЛ: Сакал да прати порака до друга земја

МЕЛОНИ Е УВЕРЕНА ДЕКА ТРАМП НЕМА ДА ГИ АНЕКТИРА ГРЕНЛАНД И ПАНАМСКИОТ КАНАЛ: Сакал да прати порака до друга земја

Брисел ќе надгледува дали Маск ги крши законите на ЕУ

Брисел ќе надгледува дали Маск ги крши законите на ЕУ

КАЛИФОРНИЈА – ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО САНТА МОНИКА, ОДЛОЖЕНИ НОМИНАЦИИТЕ ЗА ОСКАР: Почнаа да горат и Холивуд Хилс

КАЛИФОРНИЈА – ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО САНТА МОНИКА, ОДЛОЖЕНИ НОМИНАЦИИТЕ ЗА ОСКАР: Почнаа да горат и Холивуд Хилс

ТРАМП СПОДЕЛИ ВИДЕО ВО КОЕ НЕТАНЈАХУ Е НАРЕЧЕН „КУЧКИН СИН“: „Нè вовлече во бескрајни војни“

ТРАМП СПОДЕЛИ ВИДЕО ВО КОЕ НЕТАНЈАХУ Е НАРЕЧЕН „КУЧКИН СИН“: „Нè вовлече во бескрајни војни“