ИМА ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ: Зеленски ги повика партнерите да распоредат војници во Украина
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2025
Украинските власти и натаму бараат распоредување на странски војници во нивната земја. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика партнерите да распоредат војници во Украина.
Зеленски денеска оцени дека распоредувањето на воени контингенти на партнерските земји во Украина е едно од најдобрите алатки со кои Русија ќе биде принудена на мир.
„Минатата година Франција ја промовираше идејата за распоредување на контингент партнери во Украина за да се донесе мир. На сите им е јасно – до ден денес сите цели на рускиот претседател Владимир Путин останаа исти“, изјави Зеленски.
Тој додаде дека има позитивни сигнали од некои партнери на овој план, особено од Обединетото Кралство. Зеленски е убеден дека контраофанзивната операција на украинските одбранбени сили во областа Курск во Русија е една од најголемите победи на Украина од почетокот на војната од целосен обем. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.