24 Мај, 2024
0.0298

Британскиот парламент го одобри Брегзит со големо мнозинство

Објавено во: Свет 09 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Домот на општините или Долниот дом на британскиот парламент го одобри со големо мнозинство - 494 „за“ наспроти 122 „против“ законот за започнување на постапката за излез од Европската унија при финалното гласање на законот за Брегзит. Така законодавниот предлог ќе биде на следно гласање придвижен кон Домот на лордовите (Горниот дом), објави BBC.

Британскиот премиер Тереза ​​Меј веќео г објави 31 март како краен рок до кога ќе ја извести ЕУ за активирање на член 50 од Лисабонскиот договор, но за тоа и е потребно дозвола на парламентот.

Постапката предвидува во Горниот дом да има 3 гласања пред законот да биде конечно одобрен или отфрлен. Пред третото читање можат да се прифатат предлозите за промени. Ако Домот на лордовите одлучи да направи измени во законот, тој ќе биде вратен повторно во Домот на општините.

Иако завршило со категоричен резултат, гласањето не помина без сериозни несогласувања. Некои од пратениците на лабуристите продолжија да се противат на законот, кој го легитимира Брегзит и гласаа против. Други го послушале повикот на лидерот Џереми Корбин и го поддржаа претстојното излегување од ЕУ.

Еден од оние кои се противеа беше членот на владата во сенка Клајв Луис, кој рече дека „не може со чиста совест да поддржи нешто што на крајот ќе му наштети на градот, кој го претставува, го сака и го нарекува свој дом“. Потоа тој поднесе оставка како член на владата во сенка.

Расположението меѓу владејачките функционери беше спротивно. Министерот одговорен за Брегзит - Дејвид Дејвис го поздрави „историското гласање“.

„Сега е време за сите, без разлика како гласале на референдумот, да се обединат за да обезбедат успех на оваа важна задача за нашата земја“, повика Дејвис.

Владата очигледно е цврсто убедена во успехот на законот, а негов член, кој побарал анонимност, дури си дозволи да упати закана кон Домот на лордовите. „Ако лордовите не сакаат да се соочат со огромен јавен повик да бидат отстранети, тие треба да ја заштитат демократијата и да го одобрат овој закон“, предупреди министерот.

Можеби ќе ве интересира

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел

УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Погодиле руски ракетен брод

УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Погодиле руски ракетен брод

„ПОЛИТИКО“: Украина и Молдавија идниот месец почнуваат преговори со ЕУ?

„ПОЛИТИКО“: Украина и Молдавија идниот месец почнуваат преговори со ЕУ?

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД АВИОНОТ ПО СТРАШНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ: летот од Лондон до Сингапур се покажа кобен за едно лице (ФОТО)

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД АВИОНОТ ПО СТРАШНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ: летот од Лондон до Сингапур се покажа кобен за едно лице (ФОТО)

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА: Тој е свесен и комуникативен

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА: Тој е свесен и комуникативен